СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА “ДЕКАМЕРОН”

Во театарот

Во театарот “Војдан Чернодрински” се интензивираат пробите за новата претстава “Декамерон” од Бокачо, во режија на Мартин Кочовски. Наскоро се очекува и премиерата, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот и неколку гости – актери.

Според Кочовски, “Декамерон” е сатирична претстава со антиклерикален карактер. По својата структура ќе биде актуелна од денешен контекст. За време на голема чума, група млади се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го минат времето. Претставата е длабоко хуманистичка. Пренесува пораки кои величаат сé што е човечко.

Традиционални соработници на Кочовски се сценографите Јулијана Војкова Најман (и костимографија) и Филип Јовановски, и Пеце Трајковски (музика).

“Декамерон” е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, чија драматизација ја направи драматургот Лидија Митоска – Ѓорѓиовска. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по “љубовните приказни”, а во нашиот театар се поставува првпат.

Loading