ОУ “КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ” СО НОВ ДИРЕКТОР

Влатко Кузманоски е поставен за нов директор во ОУ “Кире Гаврилоски -Јане” на местото на досегашната директорка Кети Стевананџија.

Тој е наставник по одделенска настава, а претходно раководеше со ОУ “Кирил и Методиј” во селото Канатларци при што во образовната институција го унапредуваше соживот и ги подбруваше условите за настава не само во централна зграда во Канатларци, туку и во подрачните училишта во Подмол, Ерековци и Бонче.

Loading