Две недели ќе може да се ужива во креациите на уметниците од колонијата Дрен, поставени во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. На увид се 20 дела од 2020 и 2021 година, од десетина учесници, кои ги пренесоа нивните видувања, импресии од секојдневието и ја пренесоа со љубов својата уметничка душа на платното.
Колонијата Дрен ќе се одржи и годинава, а постои од 2008 година. Учествувале над 150 творци од земјата и од странство, кои создале над 300 дела кои се во сопственост на ЦК “Марко Цепенков”.
![]()

