БОЖЈИ ДАР ЗА ЛУЃЕТО

Постојат многу причини зошто треба почесто да се додава босилек во јадењата. Тоа е многу ароматично растение со зелени листови. Има околу шеесетина видови.

Босилекот е моќен антиоксиданс. Затоа е важен дел за здравата исхрана и здравиот начин на живот. Го штити организмот од слободните радикали и го спречуваат стареењето на клетките и го поттикнува развојот. Содржи бетакаротин кој се претвора во витамин А. Ја спречува оксидацијата на холестеролот, штитејќи го срцето и крвните садови. Бетакаротинот го превенира ризикот од астма, остеоартритис и ревматоиден артритис, предизвикани од слободните радикали. Босилекот е богат со витамин Б6 и магнезиум. Витаминот Б6 го спречува таложењето на опасни материи, а магнезиумот го јакне кардиоваскуларниот систем, делувајќи превентивно против срцеви удари. Со опуштање на мускулите и крвните садови се подобрува протокот на крв и се намалува ризикот од аритмија.

Маслото од босилек позитивно влијае на имунитетот, оти лисјата имаат антибактериски и антисептички својства. Се користат за лекување на бактериски инфекции.

Оваа ароматична билка е неизбежен зачин во кујната. Одлично оди со многу јадења. Се додава на  крајот за да се зачува вкусот. Пожелно е да се користи свеж, бидејќи има појак вкус. Најпознат јадење кое вклучува босилек е песто геновесе, кое содржи зелен сос од босилек, борови јатки – пињоли и пармезан. Свежиот босилек со лук и маслиново масло се користи за одличен сос за прилог со различни јадења како тестенини, ориз и брускети.

Од свеж босилек, моцарела и домат се прави свежа, вкусна и разнобојна салата.

Чајот од босилек се подготвува со преливање на топла вода на сечкани листови кои стојат така осум минути. Потоа се процедува.

Може да се направи и десерт од сладолед. Се сечка и меша со сок од лимон, сок од шеќерна трска и водата, па се замрзнува како коцки мраз. Замрзнатата коцка се сечка со блендер и се служи како десерт за сладолед во медитерански стил.

Loading