ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ТРИО ДОЛЧЕ ВО ИТАЛИЈА

Музичкиот состав ТРИО ДОЛЧЕ, во кој членуваат професионални и академски музичари во состав Андријана Дукоска (виолончело) Светлана Богданоска Ристоски (флејта) и Марија Шамоска Буџаковски (пијано), а се долгогодишни соработници со ЦК “Марко Цепенков”, се закитија со златен медал на Интернационалниот музички натпревар “ПРОМЕТХЕУС” во Болоња. Првата награда “ЛАУРЕАТЕ” ја добија во силна конкуренција со музичари од целиот свет. 

ТРИО ДОЛЧЕ годинава ќе одржи целовечерен концерт на класична музика во Рим.

Составот активно концертира на македонската музичка сцена. Годинава ќе има неколку концерти во земјава.

Loading