ЗАВОДОТ И МУЗЕЈ ГОДИНАВА ЌЕ РЕАЛИЗИРА 40-ТИНА ПРОЕКТИ 

Заводот и Музеј со поддршка на Министерството за култура годинава ќе реализира околу 40 проекти за заштитата и конзервацијата, инвестиции, од музејска и библиотечна дејност. Директорот Благоја Атанасоски посочува дека  се задоволни од прифатената програма и од одобрените околу 13 милиони денари.

Од областа на заштитата има 17 проекти. Ќе се работи на основниот проект за конзервација и реставрација на архитектурата на животписот на манастирот Трескавец, ќе продолжи реставрацијата и конзервацијата на иконостасот во црквата Свето Благовештение, на основниот проект за санација на Музејот на НОБ од Крушево, како и заштитни археолошки истражувања на локалитетот Бедем Стибера, на локалитетот Долиште кај селото Прилепец и заштитни археолошки истражувања на гробница во карпа од т.н македонски тип – завршна фаза. Стручнаците ќе го заштитуваат жртвеникот од локалитетот Врбјанска Чука и непосредно ќе го заштитуваат, реставрираат и конзервираат придружниот објект на храмот на божицата Тихе на локалитетот Стибера. Ќе изработат проекти за конзервација и реставрација на куќи заштитени со закон… Од областа на музејската дејност, ќе се реконструира оштетениот бронзен споменик во Дабница, на роднокрајното музичко творештво, на инклузивни музеи. Музејот ќе го реализира и хепенингот “нењ евент – тент И он”.  Институцијата ќе набави стручна литература. Има средства и за едукација на стручниот кадар. Одредени се пари за опрема и  за санација на Меморијалниот Музеј 11-ти Октомври.

-Моментно се одвиваат процедурите за динамиката за реализација на проектите – вели директорот Благоја Атанасоски.

Loading