ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (133) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Верските празници и денот недела беа неработни. На поважните верски празници имаше веселби на средселото како Божик, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Дуовден и селската слава Мала Богородица. Другите неработни денови одручек се поминува на корзото полно со младеж со разглед на обесените весници на ѕидовите на задружниот дом со разни карикатури. Сточарството со овците беше напредна гранкја, се имаше објагнето овци близначки преку 150.

Таа година 1952 фати голема суша, како најсиурен извор за вода во домаќинствата беше кладенецот во Горник, имаше ред, почит и дисциплина и имаше вода за сите без проблем. Аргатите полските работници не беа во криза на која страна на сињоротработеа од тие најближни добиваа вода за пиење. Многу е интересно тогаш изворот во Чешмурче и Сува шешмарика со вода, денес нема ниту капка.

Управата на колективот беше домородци. Иста генерација со основно образование со позната ситуација во селото. Покрај сите планови во селото навоѓаше време да определи работници за чистење на изворските вирови за да има чиста вода за пиење на стоката така да ќе бидат зиворите односно кладенците со направени земјени вирчиња преку кладенците. Во Николев кладенец, во кладенците Горни и Долни, тоа беа четири кладенци со вирчиња. Во скинатото ископани вирчиња во Чешмурче близу 20 вирчиња, исто толку вирчиња во Сува Чешма за патници нон-стоп со шопурка за вода и камени корита во Горна, Рамна и Бара ископани вирчиња пред секој кладенец. Три кладенци за вирчиња вода во изобилство за наповање на пашите добитци за преку летото. Со таквото раководство досега во Марул ќе имаше изградено некоја работилница за прехрана.

Давање отказ на служителката Трајкоска Василица Менка од училиштето Велјан Новачески во с. Марул во пролетта 1952 година    

Откако е убиен вториот маж на Менка Јовчески Ѓело во Прилеп во 1942 година од непознати убијци Менка се преселува во Марул кај својата ќерка Здравеска Атанасица Илинка Чонеска без никаков свој капитал за живот, заштитена за живот од ќерк аси Илинка и зетот Атанас Здравески Чонески.

Со отворањето на првото училиште со македонска настава во септември во 1944 година во Тодороската куќа за прв македонски наставник е назначена Јованка Давкова, учителка од Битола. А додека за служител,служителка е одредена ново доселената жителка во Марул, Трајкоска Василица Менка, презимето го носи по првиот маж поради со него има потомство, ќерката Илинка.

Менка со вториот маж Јовчески Ѓело немала потомство и живееле вонбрачно со него ив о секој случај именката Ѓелојца треба да отпадни во овој текст. Откако училиштето го преселиле од Тодороската куќа во кулата на Павлевци, Јоновци долните служителката Менка си продолжува да работи служителка во кулата Павлеска. Тука на служителката Менка и се поолесни работата со водата поради што има бунар рвеник со вода за сите потреби за во училиштето. Се изгради ново училиште во оградата на некогашниот марулски бег Ремзија во 1947/48 година. Учениците, учителката Квачкоска Менка и Трајкоска Менка се преселија со величенствена свечаност на 21 март 1948 година во чест на пролетта со позлатенот име на училиштето, марулската легенда Новачески Велјан 1923 – 26 септември 1944 загинат партизан против Германците при заземањето на при;епските касарни.

Кај новото училиште се јавува проблем со недостаток на вода за потребите на училиштето. Покрај вода за учениците, треба вода и за наставничката. Во оваа средина водата многу е одалечена од училиштето, како најближна вода беше кладенецот Павлески одалечен 500 метри од училиштето. За време невреме, врнење на дожд и снег, работата беше уште поотежната, служителката навлезе во шеесеттите години. Иако имаше домашна помош од зетот Атанас и ќерката Илинка, сепак таа работа застарената Менка не можеше да ја издржи ив о пролетта 1952 година Менка даде оставка од работното место од основното училиште Велјан Новачески во с. Марул. Се повлече дома, како домаќинка. Се снаоѓаше со приватна работа, готвачка и куварка за припремање разни јадења на свадби, првичиња, селски и приватни куќи, слави

Продолжува   

Loading