За патронатот на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” нашиот уметник Методи Исков изработи два портрета со различна големина со ликот на народниот херој. Портретите се поставени во училиштето и во спомен куќата на Кузман Јосифоски – Питу.
-Ми претставуваше огромен предизвик да изработам портрети со ликот на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу. Едниот е со дименизи 110цм х 160цм, а другиот 50цм х 70цм. Користев комбинирана техника од повеќе материјали при што експериментирав. Се надевам дека успеав да го доловам ликот на малку поинаков начин од класичниот начин. Се концентрирав повеќе на линеарноста и на одредени парцијални плошни делови кои дополнително даваат свој израз во ликот – вели Исков.
Тој смета дека успела да го долови временскиот период на живот и современ приказ на сегашноста.
![]()

