ЈКП ,Комуналец ги мие улиците и тротоарите
Заради ниските ноќни температури и неможноста да се извршува во ноќните часови, миењето на улиците се одвива од 6ч. наутро па до пладне. Од ЈКП Комуналец апелираат до возачите и пешаците, да бидат трпеливи и коректни.
– Граѓаните да бидат трпеливи, особено возачите на автомобили, зашто активноста ќе потрае подолго време, додека улиците не бидат комплетно исчистени од остатоците од зимското одржување и наталожената прашина. Разбирливо е да се јавува одредена нервоза кај граѓаните, но треба да се воздржат од реакции спрема вработените од Комуналец, зашто првото миење и чистењето на она што остава зимата зад себе, е најтешката оперативна работа за нив – информираат од ЈКП.
Генералното чистење низ градов ќе се одвива деновиве по Програмата за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чистота низ градот и здрава животна средина.
![]()

