НАСЛЕДИВМЕ МНОГУ ОБВРСКИ, КОНТИНУИТЕТОТ НА РАБОТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

100 дена на градоначалникот Борче Јовчески:

Градежните активности во детската градинка во населбата Точила се одвиваат во полн ек. Градоналникот Борче Јовчески заедно со советникот за урбанизам во Локалната самоуправа, Бранко Нешкоски посетиа уште неколку локации низ градов со цел планирање на партерното уредување.

Континуитет во работата Јовчески потенцира и при презентацијата на реализираните проекти во првите 100 дена пред Економскиот совет.

– Овие 100 денови се нормално само почеток, континуитетот на работа ќе го продолжиме и ќе го засилиме со исполнување на сите проекти кои ги ветивме пред прилепчани: инфраструктурни, за локален економски развој, од животната средина, во комуналната и водоводна мрежа, земјоделството, образованието, спортот, во културата, како и во социјалната и здравствената заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои плански и етапно ќе ги реализираме во текот на овој мандат. Лошиот терен кој што ни беше оставен од претходната власт, како и секојдневното соочување со здравствената и енергетската криза во која што се наоѓаме можеби малку ни ги отежна овие три месеци, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот.

Јовчески посочи дека локалната смаоуправа ја презел со обврски од 5 милиона евра во кои, како што рече, се краткорочните и долгорочните обврски на општината.

– Мојата првична цел беше да се согледа состојбата во локалната самоуправа за да утврдиме со какви можности располагаме за остварување на ветеното во првите 100 дена. Она што е воочливо и што сакаме да го потенцираме се обврските со кои ја презедовме локалната  самоуправа. Вкупните обврски  се 292.562.164 денари или околу 5 милиона евра. Од нив тековни се 32.196.697 денари, долгорочни се 112.415.339, а преземени обврски по јавни набавки се 147.950.128 денари, рече Јовчески.

Во соработка со сите јавни комунални претпријатија и сите надлежни сектори од локалната самоуправа активно се работело на патни, водоводни и канализациски зафати.

Loading