ЈКП Водовод и канализација
Екипите на ЈКП Водовод и Канализација извршија чистење на засипан и нефункционален канал за атмосферска вода во Мажучиште, од пред влезот на подрачното училиште „Климент Охридски” до постоечкиот канал. Беше изведен пропуст на патот со цевки Ф – 300 и должина од 12 метри. Заедно со ЈКП Комуналец комплетно ќе го расчистат и партерно уредат училишниот двор.