И докторите го препорачуваат ѓумбирот за различни тегоби. Билката може да се одгледува во саксија во домашни услови. Единствен материјал е саксија со земја и корен од ѓумбир кој наликува на човекова дланка со прсти. Најдобро е да се одбере ,,рака,, со повеќе ,,прсти,,. За да се добијат повеќе плодови, се кршат ,,прстите,, на ѓумбирот на повеќе делови. Се ставаат во саксија еден ,,прст,, ѓумбир, чиј горен дел мора да биде на површината од земјата. Да не се затрупува, бидејќи тоа е главниот трик за успешно садење. Се полева често. Не бара многу светлина, но бара топлина.
Се сади во рана есен, а кога ќе дојде пролет се префрла во градината. Местото треба да биде со растресита земја, кое редовно се полева.
Ако грижата е доволна, зелените ливчиња растат од 60 до 120 см. , три до пет месеци пред да се користат главиците во коренот во земјата.
На овој начин се добиваат секогаш свежи и лековити плодови.
![]()

