Фељтон: Томе Велјановски
Откако почнале луѓето марулчани да доваѓаат во училиштето инспекторите криминолозите го отвориле прозорот од кујната застанале во растојание поодалеченост од прозорот на кујната за да не бидат приметени од доваѓачите и ги следеле доваѓачите секој поединечно.
1.Лицето кое си ја местело капата при доваѓањето било забележано од инспекторите криминолозите како сторител во криминалот на селската продавница. Му го запишале иемто и презимето. Тој е општ работник на Јужното маало, Трета бригада.
2.Лицето кое застанало за да си ги презаврзи врвците на чевлите било осомничено за учесник во криминалот во продавницата запишано по презиме ии ме во тефтерот на криминилозите иснпекторите кое во колективната заедница е одговорно лице на сточниот фонд. Живее во западното маало во Прва бригада.
3.Лицето кое штотуку дошло пред училиштето, застанало, си буричкало, проверувало по џебовите било осомничено од инспекторите криминилозите и било забележано со презиме и име во белешката на инспекторите кое живеело во средното маало, Втора бригаде да работат одговорно бригадир во Втората бригада.
Откако се завршило со доваѓањето на луѓето во училиштето криминолозите инспекторите отишле во училницата при насобраните марулци почнале тактички да ги испитуваат присутните луѓе, почнале и поединечно испитување и тогаш биле откриени вистинските сторители препознаети по ликот и говорот. Навистина се потврдило да посочените три лица се учесници при кражбата на коперацијата. Главен организатор бил бригадирот од средно маало Втора бригада.
Посочените лица стореното дело не признавале да тие се вмешани за стореното дело со коперацијата. Но, инспекторите криминолозите ги вадат сликите сликани прозорците претходно со самото доваѓање ги мерат нивните отисоци на рацете се идентични. Сигурно со внатрешен голем притисок аферата се откри.
Се откри каде се наоѓа украдената роба, претежно повеќе роба на текстил кој беше закопан и во нивата на Бабјакоска под падарница во лозница се откри и повеќе друга роба маскирана во бресјето на Павлески Ванчо одма до Бабјакоската нива се пронајдоа повеќе непотрошени колективни купони за подигање роба од коперацијата за во домаќинствата и многфу други украдени работи.
Осомничените лица иако не признаваат да се учесници во кражбата на коперацијата на нивните отисоци од рацете на прозорците беа идентични со нивните отисоци на рацете Осомничените лица беа директно спроведени во притвор ид а чекаат преку надлежното судство да се реши настанатиот случај со кражбата на коперацијата во с. Марул.
При испитувањето преку судството обичниот работник од јужното маало Трета бригада ја признал направената грешка како ненамерна работа и за тоа доби затворска казна од една година. Бригадирот на сточниот колективен фонд, жител на Западното маало Прва бригада ја признал направената грешка со селската коперација, продавницата марулска и тој беше осуден на една година затвот.
Бригадирот под број два за земјоделските полски работи од средно маало и по сите докажувања од страна на експертите да е учесник во кражбата на коперацијата кај Тодоровци не ј апризна вината и одлежа две години затвор. Кога си дојде од затвор колективот беше расформиран пред една година. Додека неговиот биолошки татко усрамен од неговиот син почина пред шест месеци пред син му да си дојди од затвор.
Затвореникот седи дома, покрај другото прашува каде е татко да се видиме. Мајка му со солзи на очите му возвраќа одговор, чедо татко ти не можи да дојди, ти кога ќе појдиш таму кај него, ќе се видите. Синот ја разбра работата и почна гласно да плачи и вели, ех животе, дали се бидува домаќин од арамилак и уште повеќе почна да плачи и тотално разбра да неговиот татко умре од срам.
Татко му на бригадирот од Втората бригада беше голем македонски родољуб. Во 1922 година со тајната турнеа на легендарниот комита од илинднескиот период Петре Ацев го избира за војвода на четирите села, Бонче, Лопатица, Подмол и Марул по политичка казна на тогашните власти одлежува две години затвор во Пожаревац. Во 1944 година на партизаните од Втората македонска бригаде му носи фруна леб и каца бело сирење. Беше голем македонски родољуб и весел човек. Со засукани ракави на волнената кошула, со грне вино в раце за зимските верски празници Божик и Водици, ора и песни на сред селото водеше.
Со потпаѓањето затвор на овие тројца обвинети раководните места во управата на колективот се изменија.
1.Бригадирот на сточниот фонд, жител во Западно маало Прва Бригада беше заменет со нов бригадир, со Петрески Петрев Димитрија Бабјак, 25 годишен.
2.Бригадирот за полската работа од средно маало, Втора бригада, втор бригадир беше заменет со нов бригадир, со Атанасоски Трајанов Алексо Танески, 23 годишен.
3.За нов бригадир Алексов заменик беше избран за полските работи во јужно маало дојде Атанасоски Ристев Јован Танески, 26 годишен оздраве психички, разболен од војната, успешно ја вршеше неговата работа до расформирањето на колективот.
Обичниот земјоделски работник од Јужната маала, Трета бригаде му е зет за сестра на бригадирот на сточниот фонд, а жител на западно маало, Прва Бригада.
Бригадирот на сточниот фонд, жител на западното маало, Прва бригада му е зет за прва братучеда од тетка на татко му од сестра на бригадирот од средно маало, Втора бригада.
Бригадирот од средно маало, Втора бригада се стари деленици со работникот од јужното маало и при женидба се ставаат законџии при венчавки и свадби.
Имаше некое психичко делување со намалена свест и морал за да се изврши неморална, срамна, недолична, понижувачка работа.
Бригадирот од средно маало, Втора бригада после женидбата неговата брачна другарка жената му на порвото нејзино оплодување извршиле аборт или речено по наше, помететнала и никогаш повеќе не се оплодила.
На бригадирот за сточниот фонд од западното маало му се роди дете со едната нога послабо, ги изгуби свеста и моралот.
Земјоделскиот работник како нивни ортак мислејќи на повеќе капитал, ама се превари. Иначе сите беа партизани, војници во НОБ.
Некои од нашето село тврдат да инспекцијата не можела така лесно да ги открија, најверојантно некое лице било во близина, ги препознало, ги предало на полицијата, на криминолозите.
Имињата на обвинетите нема потреба д абидат споменати поради во идниот живот сиб еа нормални домаќини вклучени во работата и живот со своите фамилии, а некои во заедница со своите браќа и сестри.
Откако ова се случи со коперацијата за нејзината кражба, управата на колективот ветуваше да коперацијатра тотално ќе ја преселат во подрумот на задружниот дом. Како поцентар за сите марулски муштерии во селото. Но, ветувањето остана празно верување. Колективот во пролетта во 1953 се расформира, зградата остана сама, празна.
Продолжува