Јаболката и крушите имаат предност кај хроничните заболувања на белите дробови, во споредба со другите видови овошје. Секундарните билни материи во овие плодови се “одговорни” за лековитите својство. Луѓето кои јадат јаболка, не се толку подложни на кашлица и оштетување на дишните органи од останатите. Дури и пушачите кои консумираат јаболка и круши, стануваат поотпорни на хроничен бронхитис.
Најздрави и најлековити јаболка се “петровките” кои го штитат срцето и белите дробови, го чуваат црниот дроб и видот и спречуваат напади на астма. Мирисните плодови на бели и црвени “петровки” се лесни за одгледување оти се отпорни на разни болести, инсекти и непогоди. Не бараат прскање ниту голема грижа.
Плодовите го штитат здравјето на срцето. Влакната во јаболката имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Спречуваат создавање на наслаги на артериите и со тоа се намалува ризикот од срцев удар. Содржат флавоноиди. кои ги спречува астматичните напади и ги јакнат белите дробови. ?Перовките го чистатцрниот дроб помагаат организмот да се ослободи од токсините. Антиоксинадсите го намалуваат штетното влијание на слободните радикали, го јакне имунитетот и спречува појава на бројни заболувања. Делуваат превентивно на појава на катаракта. Помагаат во правилната работа на системот за варење и го регулираат апетитот. Држат ситост подолго време. Издржливоста расте со јаболката, оти го зголемуваат дотокот на кислород во белите дробови. Ефикасно го решаваат запекот. Помагаат за слабеење, оти едно јаболко е еден оброк, посебно наутро, на гладно.