ПРОФЕСИОНАЛНОСТА РАЃА АРХИТЕКТОНСКИ ДЕЛА ЗА РЕСПЕКТ

27 ГОДИНИ ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ

Речиси три децениското професионално искуство со почитување на сите стандарди во градежништвото, на Теракота Инженеринг í носат пари, но и имиџ за компанија која гради архитектонски дела за респект. Не само новите градби, туку и реконструкциите на објектите се доказ за сериозниот пристап на сопствениците Гордан Бошкоски и Коста Тошески кои формираа тим што создава квалитет. Изведените проекти остануваат за на век и даваат елан за понатамошни предизвици и втурнување во нови проекти кои се предизвик со загарантиран успех.

– Годинава е планирана изградба на два станбени објекти од кои едниот во Прилеп со 19 станбени единици, а другиот во Охрид. Располагаме со поголем дел на деловни простории на атрактивни локации низ Прилеп за изнајмување. Ги поседуваме сите сертификати за производство и продажба на готов бетон. Во склоп на компанијата функционира и рудникот за гранулат од 1-32 мм и за тампон и јаловина во селото Тројаци – велат од Таракота Инженеринг.

Успешната приказна на Теракота Инжентеринг почна во 1995 година, со неколку вработени. Компанијата денес има над 80 работници. Оние кои ги знаат, се сеќаваат дека биле некогашни цимери, а до ден денес лојални партнери во тандем, кои зад себе имаат богата листа на успеси.

Проширувањето надвор од македоскиот пазар е императивот кон кој се стремат. Како општествено одговорна компанија годинава ќе бидат домаќини на градската слава Свети Никола.

ИЗГРАДЕНОТО ОСТАНУВА 

Меѓу она што го работеле и извеле се изградбата на фабриката Гентерм, црквата Св. Петка во Точила, реконструкцијата на прилепската болница “Борка Талески”, изградба на продажен објект Тинекс, погонот на Дониа, реконструкција на градинката Бончејца, катната гаража. Изградба на станбената зграда на ул. “М. Ш. Шарло” и на ул. “Кеј 9-ти Септември”. Реновирање на училиште во Борино. Реконструкција и изградба на нов дел на црквата Св. Никола во селото Манастир, Мариово. Изведување на градежни работи во КПД Затвор Прилеп, градежни работи во НУ ЦК Театар ЈХК Џинот – Велес, реконструкција на ОУ “Никола Карев” Крушево и др.

БОГАТА ПАЛЕТА НА УСЛУГИ

Произведуваат блокови, ферт гредички, бетонски столбчиња, бекатон плочки, готов бетон. Новите станбено деловни објекти се по принцип клуч и имотен лист на рака. Ги имлементираат модерните трендови во градежништвото. Индустриските објекти, не само што се функционални, туку се декор на средината.

Роденден на празникот Св. Три Светители

На празникот Св. Три Светители, 12 февруари, роденденот на компанијата традиционално се одбележува со свеченост со бројни деловни партнери и гости. Во  ресторанот Амфора, сопствениците Гордан Бошкоски и Коста Тошески ќе наздрават за успех и реализација на идните проекти.

Loading