ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (129) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Задружниот дом беше завршен на почетокот во месец септември 1951 и цела управа на Колективот од кај Тодоровци се пресели во новиот дом на сред селото. Остана само продавницата, копарацијата кај Тодоровци. Само една важна работа за селото. При селидбата на работите од кај Тодоровци за во задружниот дом се изгуби благодарницата, признајницата од пречекот на Втората МНОУБ подарена од командантот на бригатата, Темелкоски Дончо војводата од с. Никодин за престојот и поддршка на бригадата од 12 до 16 септември 1944 година.

Со отворањето на домот во употреба имаше народен собир во големата просторија со говор од претседателот на Колективот, домот беше изграден во трошок од буџетот на с. Марул. Откако се оспособи домот за вршење функции почна да доаѓаат и разни карикатури.

Колеската ограда беше зафатена со фудбалско игралиште на сите празници фудбалското игралиште и корзото беа најактивни. Поодамна беше завршена школската година учителот Киро Миладинов ја запиша новата генерација за прво одделение 1944 година.

1.Атанасоски Јованов Петре Танески;

2.Ѓорѓијоска Димитријева Верка Јоноска;

3.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски, забаваче;

4.Здравески Атанасов Симон Чонески;

5.Иваноски Игнев Павле Павлески Јоноски, долните;

6.Митрески Јованчев Коста Мурџески;

7.Ристески Ристев Благоја Дамјаноски;

8.Ристески Танев Спасе Танески.

Во селото, како и обично имаше радосни и жалосни денови, ќе ги објавиме дополнително.

Откако се собра сиот афион, прво само баките се донесе во Бошеското гумно и првата плева му се вееше преку павлеската веалка, се мисли на долните Павлевци, за второто се вееше со дрвена лопата на тивко време за да не се разлетува семето, ситно е и лесно. Се собираше во струнени козинови вреќи и го предаваа во Прилеп, за тоа се добиваше масло, се делеше по домаќинствата према членовите. Жените учеснички во работата земаа за дома и ги посолуваа разните печива, поготово црквените печива.

Прво се берат само шишарките, после и стеблата се вршеја заедно и се чуваше за зимна храна за стоката, поготово за овците објагнети колективните. Одевме, беревме афион, се јадеше колку човек сака, а знаеме се прави само масло.

Се обра или собра и пченката целокупна од трите бригади се донесе во огратчето Танеско и тука одеа жените и девојчињата ги лупеа кочаните, се вртеа кочаните на неколку машини за да паднат зрната од кочаните, се сушеше пченката, се складираше во амбари и се чуваше дел за продажба, дел зимница за стоката, а работата беше проследена со песни од помладиот кадар од девојките и невестите.

Откако се собра целокупниот сончоглед се подели на две групи во гумното Павлеско Јоноско и во гумното Мицеско Танеско се исчука сончогледот, се извеа со веалките Павлеска и Мицеска, се исуши сончогледот, го предадоја во Прилеп добиеното масло од сончогледот го делеа по членови во домаќинството. Како што напомнавме од порано Јолеска Божиница Доста со оштетена по природен пат ги метеше колективните трлка, си добиваше надница.

Од овие пролетни култури не се доделија пченка и сончоглед во нашето маало Втора бригада од таа причина што во четири куќи во блискоста имаше несреќни случаеви и умирања, немаше да има весели песни во работата.

Во летото 1951 година нам малите деца ни нанесоа постарите психички страв, си седевме дома.

Во местото Багилиште над селото во плазиките имаше многу убав вир за капење. Ние деца од нашето маало во група одевме на капење и продолжувавме понатака по камењето бараме мед од диви пчели, тие се помали и нивните пити се правени од кал.

За овие вакви работи од дома никогаш не прашувававме. Туку одеднаш се расчу, слушнавме да во вирот Бачилиште ја виделе се искапила и отишла горе на равното се исправила кога се затресила од водата доаѓале капки од трлото Велјаноски и еднаш рикнало и се исплашиле сите магариња кои паселе по градиште од стравот на нејзиниот рев побегнале дома.

Каков е овој ѕвер мечка од вирот во Бачилиште има половина километер. Стравот психички влезен в коски, нема излегување од дворовите како што се вртат сенките од предметите, така и ние се вртиме под сенките. На најдоската насока дошол некој голем зелен гуштер од Африка, ако фати некого за гуша, ќе го пуштел кога ќе изброј шиник просо или кога ќе рикни црно магаре со огледалце бело на челото. Шиник просо кој можи да изброј, тоа е голема цифра. Најдовци навистина имаа такво магаре, ама тоа му го украдија на анот во Прилеп на чиче Живко. Нема спас, има психичко малтретирање за спас на сопствениот живот. Во неработен ден одевме со повозрасните на копање, душата рај ни правеше. Почитувани бевме кај овчарите за терање на овците, кога се молзеа пиевме млеко со сламки.

Се ожени Јолески Дојчиноски Благоја за Волческа Даница од с. Ношпал стрина Ладејца Донка не собра маалските деца да ја видиме невестата Јолеска радост направивме, мечка не видовме.

По кратко време Благоја и Даница се разведоја, нас спомен ни остана нејзиното видување.

Родени во 1951 година:

1.Анѓелески Живков Васил Стеваноски;

2.Атанасоски Благоев Пурденка Танеска;

3.Атанасоски Јованов Димитрија Танески;

4.Василоски Алексов Киро Василоски;

5.Ѓорѓијоски Стојанов Никола Николоски;

6.Здравески Атанасов Боше Чонески;

7.Јованоски Кристов Гоце Јоноски;

8.Јовчески Благојев Гулаб Велјаноски;

9.Јошеска Петрева Киска Котеска;

10.Митреска Јованчева Анѓелина Мурџеска;

11.Митреска Митева Олгица Мурџеска;

12.Митрески Цветанов Веле Крушкоски;

13.Новачески Живков Петре Димитријоски;

14.Петрески Димитријов Цане Бабјак;

15.Ризоски Боризов Киро Бошески горнин;

16.Ристески Ристев Димче Дамјаноски;

17.Стојаноски Тодев Пецо Котески;

18.Стојаноска Ѓорѓијева Менка Котеска; родена при крајот во 1950-та, запишана во 1951 година.

Женети во 1951 година:

1.Дојчиноски Божинов Благоја Јолески за Волческа Даница од с. Ношпал;

2.Јошески Божинов Киро Котески за Јовческа Ристева Роса Велјаноска од с. Марул;

3.Петрески Јованов Атанас Мурџески за Станкоска Славка од с. Алинци, прилепско;

Мажени во 1951 година:

1.Јовческа Ристева Роса Велјаноска за Јошески Божинов Киро Котески од с. Марул;

2.Стојаноска Илијева Писана за Дојчиноски Анастов Душан од с. Бонче.

Разведени во 1951 година:

Дојчиноски Божинов Благоја Јолески со Волческа Даница од с. Ношпал.

Умрени во 1951 година:

1.Анѓелеска Живкојца Цвета Стеваноска 1925 – 1951;

2.Атанасоска Ризојца Аца Танеска 1870 – 1951;

3.Атанасоски Благојев Пурденка Танески, живеел 20 дена;

4.Ѓорѓијоски Стојанов Никола Николоски;

5.Новачески Јованов Живко Димитријоски 1930 – 1951;

6.Ристеска Петрејца Невена Илијоска Јонкоска 1898 – 1951;

7.Павлески Анѓелев Петре Павлески 1872 – 1951.

Продолжува

Loading