НИ СЕ СЛУЧУВА ИСТОРИСКА ДРАМА

Вили Брант клекна на колена во Аушвиц и со тоа напиша историја. Дали тоа можеше да го направи Петков во Ваташа? Ваташа ги демантира “администраторите”. Колумниве обврзуваат како аманет да се зачува споменот на Македонија. Што ли ќе оставиме зад нас? Европјани без корен. Такви нема. Младите се само статисти на историскава драма што се случува. Немаат сила да се кренат и застанат на нозе. Некои не ја препознаваат неправдата врз Македонија. Вистината е горчлива. Колективно ранет памет. Не се малку оние кои минале голгота во животот. Малку се воскреснатите. Против предавството се исправи презирот. Секој не може да биде купен против македонската кауза и да биде ставен на услуга на туѓите политички интереси за кои историјата допрва ќе се произнесува. Ова е епохата господари на туѓото и култот при нула активност од нашата страна. Може да ја сакаш својата Македонија, но само во европска верзија.

Дури и гревови сами треба да си измислиме: геноцид, антисемитизам, шовинизам, безлични АСНОМ… Да договараш околу историјата, географијата, да дозволиш да ти се вејат туѓи знамиња, на Грците да им признаваш дека не си Македонец, дека нашето македонско малцинство треба само да си ги бара правата во Стразбур, дека сами ја фалсификуваме истиријата. Зарем е можно толку да сме ги загубиле гордоста и самопочитувањето.

-Договорот од Преспа се роди во Софија – изјави Борисов. Бугарија го бара она што го доби Грција. Договорите треба да се искинат во присуство на тој што се осмелил да ги предаде. Тоа е длабока навреда на нашава земја. Има ли некој подготвен да разговара за вакви безмислици?

Со Грција и Бугарија немаме никаков спор. Тоа е класична агресија. Племенитиот човек држи до исправност малиот човек од корист. Достоинството бара вистината да биде над пријателството. Да се биде личност без предрасуди, не наклоност кон компромиси.

Некој од политичариве биле потрошени. Не. Македонија е потрошена. Што ќе и е на Европа една размакедончена Македонија. Македонскиот народ не постои, македонскиот јазик го претворија во уставен јазик. Сите наши соседи се национални, со народ кој е носител на суверенитетот, а ние сме едно граѓанско општество. Непостоење на македонскоит народ повлекува и непостоење на македонско малцинство. Зарем Бугарија и Грција се граничат сами со себе и немаат македонско малцинство? Можеби се во право. Тие имаат македонски народ во окупираните македонски територии. За тоа се состана бугарскиот совет за безбедност. Изнасилен, избрзан потег, демонстрација на сила. Се претставуваат како жртви на македонски територијални претензии. Да ја исплашат Македонија. Полошо сценарио од она што го гледаме.

Македонскиот народ треба да го врати загубеното и да им суди на предавниците од типот на Заев.

ПРИМ. Др. Б.ДАМЕСКИ

Loading