Градоначалник Борче Јовчески е избран за нов претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС следните четири години. Членовите на ова тело на Заедницата на единиците на локалната самоуправа го изгласале едногласно, преку електронска алатка за комуникации. Според Статутот на ЗЕЛС претседателот на ова тело воедно станува и член на Управниот одбор на ЗЕЛС, но без право на глас. Во Надзорниот одбор со мандат до 2025 година се шест члена. Градоначалниците од Дебар, Берово, Свети Николе, Прилеп, Јегуновце и претседател на Советот на Битола.
Надзорниот одбор ги контролира одлуките на Генералното собрание и на Управниот одбор на ЗЕЛС, ја контролира законитоста и статутарноста на одлуките, го контролира финансиското работење и управување со имотот на Заедницата, по потреба организира ревизија на финансиското работење, на Генералното собрание му доставува мислење за извештајот за работа и за завршната смета на буџетот на ЗЕЛС и друго.
Надзорниот одбор ја нагласил актуелната состојба со зголемувањето на цената на електричната енергија. Констатирано е дека речиси секаде сметките за струја се зголемени за четири, па и петпати, освен во неколку општини каде договорите уште не се раскинати или се пред истекот на рокот на важност. Се очекува Владата да се произнесе за ублажувања на овој финансиски удар за општините. Во одредени општини ЕВН уште не префрлило средства од наплатата на таксата за уличното осветлување.
![]()

