ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ “ГЛАВЕН” ВО БАУНТИ

Младиот актер Илија Волчески ја игра главната улога во филмот “Баунти” во режија на Сергеј Сарчевски. Прилепската публика ќе има можност наскоро да го гледа филмот.

-Филмот ќе се прикажува на фестивали во светот. Се надевам дека ќе има успех –  вели Волчески, потенцирајќи дека ова е негов осми филм.

Филмот е повеќеслоен кои се спојуваат во една. Секој може да допри различна тема. Се зборува за односите во семејството, за (не)трпението кај луѓето, за одлуките што ги носиме во животот само да преживееме, за каењето… Чувствата се различни или едно чувство, болка, но боли на различни начини.

-И младите, и постарите треба да се разбудат, да извлечат поука и да  го стават прст на главата – порачува Волчески, кој не е вработен во ансамблот на прилепскиот театар, но е дел речиси во секоја претстава

Снимањето на филмот било уживање со супер екипата.

Loading