Дека ловџија, се враќал со богат плен дома, сведочат обесените кожи на диви свињи во двор во населбата Точила. Според бројот на истопорените трофеи, отстрелал, сам или со дружината, 12 диви свињи. Дали е рекорд или прилепски кападаилак знаат добро упатените или пак ловџијата има остро око, или пак се должи на зголемениот број на диви свињи во природата или помага заврнатиот снег на кој лесно можеле да сеоткријат трагите од дивите животни. Крај низите со тутун, прилепскиот ловџија ги оптегнал кафеавите крзна на крупниот дивеч.