Првото бебе во 2022 година е женско, а за секое новороденче годинава, Општината ќе доделува по 6 илјади денари еднократна парична помош.
Еден час после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство се роди првото бебе. На мајката Ивона Смилеска тоа и е второ дете. Градоначалникот Борче Јовчески им подари штедна книшка со 15.000 денари и други подароци за бебето.
Во текот на 2022 година, секое семејство за новородено дете ќе добие 6 илјади денари. Одлуката за доделување на еднократна парична помош ја донесе советот, а целта е поттикнување на наталитетот, а со тоа зголемување на природниот прираст во општината. Целна група се семејствата на младите брачни двојки, но не се исклучени и останатите семејства. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца. Обезбедувањето на средствата претставува добар показател за организираноста и грижата на локалната локалната самоуправа за решавање на барем еден дел од мозаикот од “предизвици” со кој се среќава секое семејство со новородено дето, односно свесноста за реалноста со која се среќаваме минативе години, а тоа е страшното намалување на наталитетот и природниот прираст и стареењето на населението во нашата општина. Од буџетот планирани се 3.600.000 денари. Податоци за секое новородено дете ќе се добиваат преку Матичната служба, најдоцна до 5-ти во месецот за предходниот месец за да може да изврши контрола на секое барање за субвенционирање за новородено дете. Секое семејство ќе има обврска да достави копија од извод за новороденото дете, копија од лична карта од родителите/родителот и жиро сметка. Програмата за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете е со важност до 31 декември 2022г. Средставата во Програмата се фиксни, а за превземање на дополнителни обврски потребно е да се обезбедат дополнителни средства во буџетот за 2022 година.