ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (126) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во половината во месец март Јованоски Кристо, претседателот на селската земјоделска задруга во с. Марул штотуку направи крштевка на новороденчето Гоце, Кристо се дели од родителите и браќата и фамилијарно се исели за Прилеп. Неговото испразнето место претседател на колективот во Марул го презеде Стојаноски Тоде Котески.

Пролетта веќе на прагот беше, малските бригадири ја примија планската наредба, заповест од управата на колективот во селото ги спрегна ѕевгарите волови, плуговите со нив за да одат на орање да ги дигат, орат ланските стрништа за садење на летна култура пченка, бостан, сончоглед, афион, памук и остаток од нивјето за летни угари, ова година летните ќе бидат застапени местата од Попојца преку кутра Велјанов кладенец, Крушите до Стојческите до Рвеник.

Некои домаќинства добија наредба за да носат со колите камење за ѕидање на шталото до оградата Чонеска. На 04.04.1951 се слушна силен жалосен пискот кој нашите деленици во комшиите младата невеста Ставеноска или Најдоска сеедно е Живкојца Цвета почина на пороѓај, а додека новороденото дете преживеало. Цвета му беше ќерка на Илија Шеќероски од с. Бонче.

Жалната вест се разнесе низ селото, се направија сите адети и Цвета беше погребана во присуство на нејзините роднини. Погребана во марулските гробишта. По неколку дена си дојде нејзиното момче Живко кој пред шест месеци отиде на отслужување на воениот рок во градот Горажде во тогашна Република Црна Гора.

Во деновите откако го крстија новороднчето со име Васил, нунко му беше Танески Алексо. Жената на Алексо, Спасија беа втори брачеди од две први братучеди по рода Јанкоски. Откако беше крстен Васил и оставен на догледување дома кај своите куќни луѓе, Живко се врати во својата воена единица за дослужување на својот воен рок. На сиракот Анѓелески Василе, управата на колективот и при толку големи притисоци против козите за ништење од страна на властите му обезбедија вештачка мајка, коза која се викаше Зорка. Зорка беше обезбедена за Василе во рок од две години.

Колективот за годината во Марул поред засадите на сончоглед, пченка, афион и памук имаше насадено и до триесет и нешто декари со бостан. Во местото Крушите Велјаноското и Башеското беа насадени со бостан исто така долу во Рвеник. Танеските нивје од Мицевци, Ристески и Трајановата кај колибата беа засадени со бостан. В село оградите Бошески, Димитријоската, Чонеската беа садени со афион. Додека оградчињата Најдоското, Јонкоското, Јоноското, Тодороската ограда и половината од половина нагоре беа засадени со памук.

Пред почетокот на месец мај во една расправија помеѓу претседателот на колективот Стојаноски Тоде Котески и овчарот Ристески Блаже Танески во кој Блаже употреби физичка сила над Тоде. Тоде си даде оставка од претседателството на колективот и ја зеде должноста бригадир во трета бригаде на разболениот бригадир дотогашен Атанасоски Јован. Причината за физичката пресметка била во тоа што дошла некоја општинска делегација од Прилеп за да одредат број на одземање на јагниња од Марул.

Стојаноски Тоде, претседателот на колективот по желба на делегацијата за да појдат за да ги видат јагнињата во местото Попојца каде ги паси овчарот Танески Блаже, првиот војник партисан од Марул. Сето било в ред, но домаќинот Тоде и прилепските гости предвидувале да заколат едно јагне за ручек. На тоа Блаже не пристанал да биди заклано најголемото јагне. Разлогот бил, Блаже рекол можи некое помало према бројот на гостите, доволно е према гостите. Блаже нафрлил, тој дома 25 членови и за такво големо никогаш не би помиослил. На таа расправија Блаже го удрил Тоде со стапот, гостите се разбегале во свој правец, си отишле во Прилеп на судот Блаже беше обвинет и осуден на три месеци и ги одлежа затвор.

На испразнетото место за претседател во Марул е вратен Јованоски Илиев Цветан Крушка марулец, дотогашен претседател на колективот во с. Дабјани, прилепско кој дошол во конфликт со Ристе Бунте поради преостри односи на Ристе за порезот и дошло до физичка пресметка измеѓу нив двајца каде Ристе ја добил столицата по глава. Властите Цветан Крушка го вратија за претседател во Марул на испразнетото место од неговиот врсник Стојаноски Тоде Котески.

Само што си дојде Цветан Крушка во Марул и ја презеде одговпорноста за претседател на колективот во Марул ја прекина ѕидаријата на селската штала. Под негова надлежност почна да се гради задружниот дом на сред селото во Марул, за три месеци домот беше двокатен, беше изграден од нов цепен камен. Платата за Цветан и домот кошташе 250 овци. Цветан беше претседател на колективот во Марул до последниот ден до расформнирањето на колективите во селото до април 1953 година. Цветан имаше државна плата преку буџетот на колективот во Марул. Сите верски празници што се славеа како неработни дотогаш исто така се славеа и понатака се до расформирањето на селската земјоделска задруга Велјан Новачески во с. Марул до април 1953 година.

За време на прославата за денот на трудот Први мај во 1951 година беше одбележан со таква голема интензивна прослава до ден денес после толку години не е заборавена. Прославата беше направена со голема свеченост, со јадење и пиење во местото Дробениот камен во Веслец.

Уште утрото целата управа на колективот и нивните соработници, советниците, бригадирите се товарија од Марул со повеќе тепсии со печено јагнешко месо, со две канти со млеко, живо непечено месо, котли мирудии за готвење на чорбесто јадење, пиење, повеќе вреќи леб, прибори за јадење,лајци, вилушки, тањири, лајци кутлачки и ред други кујнски работи, сол, пипер, масло и така натака. Со канти товарити донесоја вода од кладенецот од Боро и направија два котли со јадење чорба. Гости присутни од Марул неограничено, слободно беше.

Келнерки за јадењето беа присутните марулски девојки. Гајдите не престанаа, за цело време имаше музика со прекин за ручекот. Откако се заврши со ручекот сиот прибор за готвење и јадење беше исчистен со вода донесена од кладенецот од Боро. Прославата траеше до попладневните саати со помош на убавото сончево мајско време.          

Продолжува

Loading