Масовна прослава на на православната нова година
Новите локалните власти прават сефте во воспоставување на традиција на прослава на празникот Стара нова година под отворено небо во необичен амбиент. Под Саат кулата вчера се поделија неколку стотина парчиња мазник со паричка, наздравувајќи со топло вино и чај во знак на доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар. Масовната прослава спортив големиот празник Свети Василиј привлече многу граѓани. Љубопитно и весело се густираа вкусните парчиња од мазниците на заедничката трпеза со адетот на потрага по среќата низ корите на донираните печива од неколку општествено одговорни компании.
На овој ден традиционално дома се врти мазник со паричка, кој се дели според бројот на членовите на семејството, плус еден дел за Господ. Онај што ќе ја најде паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година.

До пандемијата, во повеќе ресторани се организираше дочек на православната нова година со богато мени и, се разбира, со неизбежниот мазник со паричка.
Многу семејства го славата именденот, оти нивни членови го носат името на Свети Василиј Велики.






