“Ако по крстој мереа, или по крвој плиснати”…
Така пишува поетот Венко Марковски во некогаш забранетиот епос “Робии”. Неговиот син, мојот шаховски пријател, Миле Марковски го потоморија во Софија (го “изгазил трамвај”?).
Само наивните веруваат дека ова што í се случува на Македонија има некоја врска со ЕУ. Целта е јасна – непостоење, бришење на Македонија и македонскиот народ од светската сцена. А за тоа најдоа човек за кој норвешкиот Васкун Квислинг е мало дете во однос на злото што и го нанесе на Македонија и македонскиот народ. До каде води ова бескрајно скитање за некаква фиктивна иднина, кога ќе ја нема ниту Македонија, ниту ЕУ.
Грција, Бугарија и Албанците се во офанзива. Малцинството диктира што да се прави со државата.
Богатата македонска антика е тоа што најмногу ги плаши Грција и Бугарија. Тука се сите докази за кои тие немаат одговор. Македонија има традиција од 8000 години. Македонскиот јазик постои од 270 години п.н.е, а кодифициран е од Кирил и Методиј со преводот на Библијата. Сите словенски јазици имаат генеза од македонскиот јазик. Македонците го носат името континуирано 7500 години. Името ја следи историјата на Македонија. Грчкиот писател Атенеј во своите записи вели дека античките Елини презеле голем број зборови од јазикот на Македонците. Бугарите го населиле Балканот со својот турко-монголски јазик. До 873 год во Бугарија службен јазик бил грчкиот. Бугарите никогаш не стигнале во Солун. Кирил и Методиј не знаеле ниту еден збор бугарски. Од 1890 година, од европски научници се пишиваат трудови за постоење на јазиците, меѓу кои е и македонскиот јазик. Во 1911 год. во САД има каталог на јазиците во кој видно постои и македонскиот јазик.
Во Првата светска војна Грција е со АНТАНТАТА. Затоа добива можност да ја хеленизира Македонија. Во Втората светска војна Германија и дозволи на Бугарија да изврши бугаризација на македонското население. Но, се појави отпор кон бугарскиот јазик. Само 10 отсто прифатиле бугаризација и дошле до заклучок дека бугаризацијата е можна само со крв.
Со преспанскиот договор 90 отсто се разнебитисаа Македонците. Нашата историска меморија ќе продолжи и антиката не ќе остане поклонета од Заев на Грците. Америка ја критикува Бугарија, но не ја осудува.
Македонски преговарачи, можете да се откажете од македонските малцинства во Грција и Бугарија, но не можете да се откажете од меѓународната заштита на нивните права додека се декларираат како Македонци. Тоа важи и за нас ако така продолжиме да се декларираме.
За многу години Македонци, каде и да сте.
ПРИМ.СПЕЦ.ДР. Б.ДАМЕСКИ