Фељтон: Томе Велјановски
Плаќањето акт руга од марулските домаќини на свештеникот за извршената година на свештеникот
Како што било одлучено при осветување на црквата во с. Марул во 1959 09 08 тогаш било направен договор помеѓу тогашните марулски домаќин ии тогашниот свештеник во марулската црква. Димитрија Попоски од с. Лопатица прилепско за плаќање акот и никогаш не се променило останало така и до денешен ден.
Тогаш било донесена одлука секој клисар – притруп што ќе служив о црквата да служи се ненаплатена руга бесплатно и да служи до кога е во можност самиот тој.
Со свештеникот е договорено пеание и причесна да има во црквата по редослед и почитување на соседните цркви кои се под надлежност во негова одговорност.
– спевање на упокоените души на мртов петок или на мртва сабота како задушница перд Духовден или мртов петок пред Митровден;
-крштевање вода по куќи пред празникот Теона Нејатка се наплаќа со парче месо, сланина;
-крштевање вода по куќи велигденските пости домаќините наплаќаат со јајца со едно на член од фамилијата;
-крштевање вода за Петрови пости по куќи службата се наплаќа со едно руно овчка непарена волна или со неколку пласје парена, влачена волна;
-крштевање вода по куќи за селска сва не палетно со кршење на пеаниот колак, делот од скршениот кој ќе остани во неговите раце е за него;
-крштевање вода за куќната слава е истиот начин како крштавање вода за селската слава;
-крштевање на новороденче, тука се наплаќа надница и такса на свештеникот и на црквата од родителите на новороденчето и ако свештеникот има слободно време оди на ручек во куќата на новороденчето;
-изнесување на умрен човек во поранешните времиња таа такса беше внесена во годишната руга додека сега се наплаќа во готово;
-ако човек е болен при осет на умирачка се повикува свештено лице да го пее. Спеанијато се наплаќа во готово.
При карајот на месецот септември свештеникот доаѓа во Марул со својата коњска запрежна кола, одседнува во некоја куќа и тука си ја собира годишната руга во жито, јачмен и пченица. Свештеникот Ванѓел со марулските домаќинства беше пазарен за по еден шиник жито годишно. Ако селото броеше 50 домаќинства свештеникот ќе добиеше 100 кутли, 50 шиници, 25 осмоци, 12,5 вреќи од пос то кила или 1250 килограми чисто жито јачмен или пченица.
Рекорди со нај – нај
Свештеникот Попоски Димитрија (1840 – 1920 година) во Марул бил присутен од 8.9.1859 до 1920.
За најстар марулски жител е Бошески Танев Наумче Танески 1798 – 1899.
Во помладово време Стојаноски Котев Илија 1876 – 1972 достигна до 94 долгорочен живот.
Јанкоски Ристев Ѓорче 1859 – 1926 бил во неговиот живот 42 години полјак падар.
Јовчески Ристев Вангел 1912 – 1997 имаше стаж 34 години селски одборник.
Јовчески Ванѓелов Трајко 1937 – 2016 беше притруп клисар 33 години во црквата во Марул со прекини.
Ризоски Дојчинов Борис држеше рекорд за протуѓер во Марул од 36 години 1939 до 1975 кога се исели во Прилеп. Борис живееше од 1906 до 1981 година.
Свештеникот Смилевски Грујов Ванѓел беше свештеник во Марул од 1945 до 1970 година.
Само што се почна со мрсење после божикните празници Водици доаѓа денот Св. Атанас зимен 27 јануари. Во некои домаќинства како по традиција недела дена постат пред празникот, а да се омрселе во туѓа куќа не било никаков грев.
Свети Атанас е меѓу првите учесници на првата христијанска средби, собир во 325 година Никеа заедно со римскиот император царот Константин Велики, родум од Ниш каде дошло до раскол за Исус Христос дали е бог или човек. Свештеникот Ариат тврдел да Исус Христос е само човек револуционер, а не бог. Бискупот Св. Атанас ошто му се спротивставил на свештениот Ариат и дошло до физичка пресметка, си удриле по некој бастун по нивните грбови.
Тука попот Ариат и неговите истомисленици биле исфрлени за нивното погрешно ариатски ерос, неверство. Бискупот Св. Атанас бил 40 години на служба во градот Александрија во денешен Египет, Св. Атанас умира од старост. Барем и така слушаме од нашите црквени постари дедовци за Св. Атанас. Во чест на Св. Атанас имаше селски слави каде цело село ја славеше славата. Поделени летна и зимна слава. Летен Св. Атанас беше слава во селото Галичани, Крушевица, Лознани и Мојно. А додека земна селска слава Св. Атанас е во селата Беранци и Витолиште Мариово каде славата беше три дена. Исто така куќна слава Св. Атанас зимен с еславеше во повеќе куќив о селото.
На 1.02.1951 започна второто полугодишна учебна година, како за редовните ученици, исто тајка и курсот за описменување на возрасни жени. Во половината на месецот февруари се расчуло радосни вести. Ученичките од курсот за описменување за возрасни Јованоска Кристојца Ѕвезда Јоноска и Новаческа Живкојца Мара Димитријоска се породиле со машки деца. Имињата веќе се познати на Јованоски пурденко името му е Гоце, а на Новачески пурденко му е Петре. Овие новости најдобро се учат од перачките во реките.
Продолжува
![]()

