НЕГА НА ДУХОВНАТА ТРАДИЦИЈАТА

Празникот Св. Никола

По една година пауза поради пандемијата од Ковид 19, на отворено, на плоштадот “Александрија” се прослави патронот на градот Свети Никола. Одбележувањето на градската слава мина и со традиционалната празнична литургија во црквата Св. Благовештение на која освен верниците и  домаќинот Тони Тарунџиоски од компанијата Футура, присуствуваше и градското раководство. Не се напушти традицијата на параклисот на Св. Никола во центарот на градот да се изврши водосвет и прережување на славскиот колач. За граѓаните, домаќинот приреди посна трпеза со светиниколски сарми, грав, риби и пијалоци во соодветно пакување.

Градоначалникот Борче Јовчески го честита Денот со желби за здравје, среќа и бериќет, а домаќинот Тони Тарунџиоски го предаде домаќинлакот за в година на Гордан Бошкоски и Коста Тошески од компанијата Теракота.

-Традицијата претставува идентитет на секоја држава. Горди сме и на уметничкото творештво, историското наследство, познатите музички, актерски, спортски имиња. Продолжуваме да го развиваме општиот напредок на градот со посилен интензитет, негувајќи ги и чувајќи ги традицијата и духовното богатство – рече Јовчески.

За митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, Прилеп е единствен  кој го одбележува Св. Никола на ваков свечен начин.

Loading