ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (123) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

4. Фрлање на крстот досега забележао што се знае во марулските води за денот Водици

Свештеникот Смилевски Ванѓел, син на Грујо свештеник по татковата смрт ги обавестил марулци уште при крштавање вода за божикните пости до денот Водици Богојавление наредната година 1952 ќе има литургија со причесна и фрлање крст во марулските речни води.

По добиената вест, соопштение од страна на свештеникот Ванѓел дека на денот Водици Богојавление во наредната година поред богослужби и причесна ќе се фрла крст во марулските води. Марулци од голема радост соградија голем вир, брана во реката Горничка на педесет метра западно од гробиштата под тополата на Мурџески Цветан.

Откако се заврши со богословијата и причесната во црквата народот на чело со свештеникот Ванѓел кој ја испеа водата во вирот заеднички помешано со црквена вода и ја плисна нејзе во вирот во реката. Исто така свештеникот го фрли и крстот во вирот. Доброволци за водење на крстот беа пријавени двајца Павлески Јованче Јоноски (1920 – 1996) и Мојсоски Ванчо Колески (1928 – 2012). Прв скокна во вирот да го вади крсто Павлески Јованче, крстот не го извади. Со бегање си отиде дома за преслекување.

По него скокна Колески Ванчо и крстот го извади, му бакна рака на свештеникот в раце и Ванчо како и Јованче со бегање си отиде дома за преслекување. На Ванчо мајка му Таса Велејца радосна дека нејзиното дете го извади крстот, а Колевци си се традиционално побожни луѓе и му рече на Ванчо, бегај дома да се преслечиш, да не наѕемниш!

Нејзиниот прв брачед мајтапџија Павлески Ванчо стој покрај нејзе и вели, те моља нема гајле дома го чекаат стојковите топли волнени бечви и со чивтето испука два ловџиски фишеци. Народот за неговото мајтапење зовре од смеа, го знаат кој е Ванчо. При фрлањето на крстот времето беше тивко со прошарен снег по присоите. Со тоа завршија две религиозни работи во Марул, изведена причесна и фрлање на крстот во Горничката река во 1952 година.

Тогаш бев поголем и присутен на тие церемонии.

5. Фрлање на крстот по петти пат во водите во марулските реки на Водици 18 јануари 1966 година

После фрлањето на крстот на Водици во Марул почна да се шушка меѓу народот да таа традиција е забранета од страна на властите со закон за крштавање на водите надвор од црквените простори. Но, никаде не беше објавено во јавните државни гласила. Можи таа одлука била пренесена до КП или до селските одборници не е јавно потврдено.

Така да во Марул се чекаше да изминат години повторно да се фрли крст надвор од црквата во марулските речни води Горничка и Оревска река кои се најближни реки до марулската црква.

За време пред божикните празници во 1965 година свештеникот како и секогаш шета и крштава вода за пред Божик и јавно кажуваше во наредната година во Марул за денот Богојавление Водици машки поред пеанието и причесната ќе се фрли крсто, не во водите на реките, него ќе се ископа посебен базен надор од изворите на речните води на реките.

Ова негово соопштение жителите во Марул го прифатија со голема радост. Домаќинствата од с. Марул донесоја одлука планирање за копање на потребниот базен. На четириесет метра западно од гробиштата према реката од Горник на источната страна од некогашната Павлеска градина јужно од црквените денешни клозети се ископа базент, три на две ипол површински квадратурски и две метрта во длабочина. Се спроведе вода со бразди од реката од Горник.

На денот Водици Богојавление 18 јануари 1966 година после пеанијата и причесната свештеникот Вангел Смилевски и надојдениот многу броен народ марулски со непознат број  на надојдени сеирџии од околните села се упатија кај полниот базен со вода. Доброволците за вадење на крсто беа Јованоски Лазаров Богоја Тодороски 1949 и Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски (1937 – 2016) тогашен клисар притруп во црквата. Кој во секој момент се спремни за вадење на крстот.

Штотуку свештеникот Ванѓел го фрли крстот скокна Богоја и Трајко во базенот поснаодлив излезе од базенот со крстот в раце, а додека излезе Трајко со празни раце. Трајко му честита на Богоја и си отиде дома да си преоблекува суви алишта. Додека Богоја крстот му го предаде на свештеникот со бакнување рака.

Богоја си носеше резервни алишта се засолна во реката, се пресоблече во сувите алишта и повторно се врати меѓу народот за да се повесели. Оваа Тодороска куќа е по втор пат како победници за вадење на црквениот крст во марулските води. Запишано скокањето при вадењето на крстот од присутните на овие церемонии обичај кој како видел. Времето беше облачно, тивко без снег.

Бугарскиот свештеник самоволно го смена името во марулската црква од Даница во Донка

Со доваѓањето на бугарската војска и власт во месец април во 1941 година во вардарска Македонија поред војската и администрацијата полицијата си донесоја и свештенство. Дотогашниот свештеник Смилевски Грујо од с. Добрушево заменет со донесен поп од Бугарија. Овој бугарски свештеник бил настанет во Прилеп, идел по селата само за службено кога е потребно за извршување верскислужбени работи. Неговата задача била служба за бугарската православна вероисповет и да надледува политички работи кои не се во согласност со законите со бугарската политика да ги отстранува.

На 10 јуни 1943 година се родува Валјаноска Ванѓелова Донка. Велјаноски Ристев Благоја, нејзин стрико, брат на Велјаноски Ристев Ванѓел ќе и биди на малата пурденка. Новиот нунко, стрике Благоја на малата пурденка си става име Даница.

На денот Дуовден истата година нункото Благоја, бабата Трајана и братчето на бебето во марулската црква за крштевање на малата пурденка. Бугарскиот свештеник богослужбата со крштавањето на малата пурденка дотогаш името непознато. Во самото пеание попот прашува, како име, нинкото отсечно одговара даница. Свештеникот попот како нешто в раце да го удри, ја прекинува пеанијата и вулгарно извикува, што за какво Даница, тоа е српскоиме и сето дотогашен се преименува во Донка, бугарско име. Донка е жива и го носи името од Даница во Донка. Ниту Даница, ниту Донка и тежи, само политиката ни тежи, едни со други да се мразат.     

Продолжува

Loading