Само долго зреената песна во поетот ќе биде зрела за читателот.
x
Каква е тоа убавина без синевина?
x
Не треба да се дозволува болеста да го одредува здравјето.
x
За настаните во својата куќа не се информирајте од соседите.
x
Постоењето е помеѓу смртта и бесмртноста.
x
Цените мора да се смрзнат за да не смрзнат граѓаните.
x
Не намигнувај на слепиот!
“Д-р Хаџи-Васков