Изложба
На 30 ноември од 12.30 ч. во Ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена ретроспективна изложба на 20 слики од исто толку уметници од битолската ликовна колонија Нижополе. На јаве ќе се извади уметничко богатство кое е во сопственост на општината Битола.
Во 20 годишното постоење, на колонијата твореле над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700 уметнички дела.