В театар
Во театарот “Војдан Чернодрински” почнаа пробите за претставата “Декамерон” во режија на Мартин Кочовски. Ова е трет проект на театарот годинава.
Кочовски во режисерската експликација вели дека се работи за сатирична претстава со антиклерикален карактер. По својата структура и теми претставата ќе биде особено актуелна од денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата образботува различни теми и ќе е длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат сé што е човечко.
Во преставата ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот, а традиционални соработници на режисерот Кочовски се сценографите Јулијана Војкова Најман (костимографија) и Филип Јовановски и Пеце Трајковски (музика).
Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по “љубовните приказни”.
Инаку, театарот “Војдан Чернодрински” со претставата “Глембаеви”, која беше одложена заради деновите на жалост, на МОТ ќе гостува на први декември.