Фељтон: Томе Велјановски
Се наближува Нова Година 1951, во училницта се е припремено од страна на учителот Киро Миладинов со неговите ученици за да ги прикажат своите пред насобраните луѓе, кој стихотворба, кој некоја драма. А додека возрасните ја припремаат и ќе ја раскажуваат драмата партизанска Офицерски браќа мили.
Дојде и тој ден, сето што беше припремано беше прикажано пред денот на новата 1951 година, децата беа подарени со по едно пакетче шеќерчиња од страна на Дедо мраз, Здравески Атанас Чонески. За учениците е радоста во младоста. А додека за возрасните е радоста во наближаниот ден Божик. За божикните празнични денови кои ги опфаќа Старата нова година, школскиот распуст за сите празници со посебни прослави.
Наближуваат божикните празници. Народот се осеќа повесел. Ќе ја прекине шест неделната посна храна. Посен грав, посни варени црвени сушени со компири, посна варена кисела зелка, посна леќа, посни кисели пиперки со каша или пак полнети со ориз или пак посен зелник со пржен кромид или со варена тиква или пак посни питулици на вршник. Сите овие работи после Божик ќе бидат заменети со мрсно, сало или месо, и со сирење и урда, сланина пржена поготово оди со топол леб.
Исто така штотуку наближува Божик во секое маало навечер ќе светнат огнови и се слуша децки глас, џагор со викот коледе, коледе. Вечерта пред Коледе се групираат маалата и на сред селото палат заеднички оган кој продолжува и наредното утро се до пред тргнувањето по куќи низ селото за Коледе.
Како што пренесуваат нашите постари, зборот Коледе е во заедница со зборот колеле. Многу колеле пред да се роди Исус Христос. Откако се појавила ѕвездата Деница било знак да се родил новиот цар Исус Христос престанале властите да колат деца од страна на властите да го слават зборот колеле останало само зборот коледе, а додека зборот буквално значи мноштво колење, барем така нашите постари ни објаснуваа.
Вечерта за Бадник сите се прибираат дома, се вечера посна храна, мазник од печени кори, посна сарма, можно е грав поретко. Пред вечерата домашните се послужуваат со топла ракија кој сака. За вечерата присутните се послужуваат со вино претежно од машкиот пол, а додека женскиот пол се послужуваат со благо вино лачено уште за време на грозје берење затворено херметички во плетени срчи виното наречено шира.
После вечерата домаќинот дели божикни дел на сите подеднакво од јаболко, круши, ореви, црни сливи, смокви, локуми, тој дел е од заедничкиот годишен труд.
На денот Бадник не се спие, тоа е адетот за да бидеш буден цела година да ја избегнуваш мрзата и спиењето. Ова не важи за малите деца. Ако заспие повозрасен брат или сестра неговите или нејзините најближни ќе ги зашијат за перницата, тоа е малце смеа и хумор. На денот прв Божик се станува утрото, се измиваат лице и сите се омрсуваат со месо од врапче спомарче или стрејалче. Врапчето го кажувало Исус Христос на властите викало цивкало, ене го Исус, ене го Исус тој го проколнал врапчето на првиот ден на Божик верниците со твое месо да ги прекинат постите, барем така ни кажуваа нашите постари баби и дедовци.
Исто така како натпревар што порано се оди в црква со богатат полна кошница со јадење и пиење за задушница за упокоените. Ако има свештеници се слуша пеанијата, ако нема се оди на гробишта со се кошницата, се палат свеќи, се враќаат во тремот, кошницата се остава на своето определено место на трпезаријата во тремот, се оди в црква, се палат свеќи за свое здравје и за упокоените, се враќаа кај својата кошница кај трпезаријата и се почнува со раздавање задушница за упокоените.
Напомнавме за престиж при одење в црква. Таков е адетот, обичајот тие кои ќе дојделе последни в црква ќе ја носеле селската мрза преку целата година така слушаме од постарите.
Сите домаќини по традиција од дома си носеа ракија во земјени крондирчиња, некои ја носат топла ракијата од дома, а додека некои ја топлат на оган во црквениот трем и се честат со топла ракија, другарски помеѓу себе. Додека кај домаќинките поред разните артикли во кошинците можеше да се види и врапчиња за омрсување поред ракијата и обичното вино да се види и женско вино наречено шира за напивање при задушница. Ова вино повеќе се употребуваше кај женскиот пол.
Омилената децка играчка за Божик до в црква до на сред селото играње со костени се викаше чимитак. Се собираа повеќе деца со костење во џеповите но во рацете држат костење ако е еден се вели тек, ако се два се вели чивт. Детето му вели на противникот чивт или тек. Противникот му одговара по негово мислење тек или чивт, изазивачот тогаш мора да ја отвори раката ако погоди противникот му ги зема костењето. Ако пак не погодил ќе мора да му дади толку костени колку што имал противникот во раката тоа е игра на среќа, се догорува дете да остани без ниеден костен во џебот ќе се бори за да си ги поврати изгубените костење зависи каква среќа има. Додека се учите цркварите не се дојдени од кај црквата од секое домаќинства од селото од женска пол оди кај овците, ги заранува овците со овошни плодови јаболка, круши и костени како дел за нивниот труд што давале млеко и волна. Оди кај нив од женска пол за да се јагнат овците женски јагниња. Исто така и се прави чест и на крупната стока тоа вечерта на Бадник му се пали свеќа пред нив на ѕидот пред јаслите за да јадат слама или сено на видело. Се додека светат свеќите едно лице е присутно тука.
Откако ќе завршат сите адети во трпезаријата со задушницата си го честитаат божикниот празник со изговор Христос се роди, вистина се роди, цркварите си идат дома со зелено гранче фиданче, го ставаат во огнот во печката со изговор, женски јагниња, машки дечиња. Не важи да се благословува со суво гранче поради тоа што повеќе не е плодно исушено е.
Домаќинката после црквените работи, припрема на трпезата за ручање. Се поставува новото јадење претежно варена со компири со чорбесто јадење можно е и остаток од вечерното јадење за да се потроши. Домаќинот прв благослува со прекрстување и со благослов Христос се роди и добива одговор, вистина се роди. Овој поздрав трае до Богојавление, до крштевањето на Исус Христос. Во долапот се става воловарникот и рогушките месени со брашно и печени заедно со другите божикни печива. Сета божикна гозба се послужува со вино и женско вино шира.
Продолжува
![]()

