СВР Битола ја сомничи М.Б.(64) од Прилеп, за фалсификување на исправа.
Пријавената, вработена како благајник во Домот за стари лица во Прилеп, ополномоштена да располага со лични средства од трансакциските сметки на корисниците во домот, во два наврата преправила банкарски налози издадени од банка и наместо подигнатите 10.000, односно 5.000 денари напишала дека подигнала по 1.000 денари, а откако ги подигнала средствата впишани на налозите, во својство на полномошник на трансакциските сметки, ги дала на главна сестра во домот.