ЈАНЕСКИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОР

Емил Јанески, директорот на Водовод и канализација, објави на ФБ дека се повлекува од функцијата директор на јавното претпријатие. Неофицијално за наследник на Јанески се спрема Игор Гулабоски.

Јанески образложи дека оставката се должи на морални и етички причини.

-Сметам дека новиот градоначалник Борче Јовчески треба да има можност да состави тим со кој ќе ја води локалната самоуправа. Граѓаните одлучуваат и немам намера да се повикувам на мандатот. Како член на СДСМ, ќе бидам сериозен коректор на власта заради интересот на мојот град и на моите сограѓани.

Loading