КОНЦЕРТ НА ГИТАРА НА ИЛИЈА ЧАКАРОСКИ

Музичарот Илија Чакароски вечерва (петок) ќе има концерт на гитара во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Претставувањето е посветено на класичната литература напишана за гитара од познати дела од композитори, како Бах, Фернандо Сор, Мајро Џулиани, Матео Каркаси, Франциско Тарега…

Чакароски е професор во музичкото училиште. Настапува со повеќе групи. Имал концерти во градов и во Струмица со сопранистката Ана Митоска.

Класичната гитара е омилен инструмент, поради пријатниот, ненападен тон и боја на звукот.

Loading