ТАЈНАТА КАСА СО ЖЕТОНИ ВО ЦРКВАТА СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ

При санацијата на покривната конструкција на црквата Свето Благовештение, над галеријата од женската црква, во делот за црковниот хор, меѓу носечките греди беа пронајдени две платнени кеси со непознати монети, скриени меѓу графичките листови со икони и поставени во мало таинствено засолниште. Од многуте години, платнените кесички се скиналепо при нивното вадење од бункерот, а монетите биле собрани. Биле избфроени по 250 монети (вкупно 500) кои биле депонирани во црковниот сеф. Откако дел од паричките биле исчистени од прашината, откриено е дека станува збор за жетони.

Според нумизматичката литература жетоните се познати и како Рецконинг цоунтерс. Жетонот како објект се користел во калкулациите на сметките. Најчесто се изработувале од бакар или бронза, но и од сребро, а од злато многу ретко. Нумизматиката ги познава како жетоните од Англија, Франција, Холандија, Германија, Австрија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Италија, Португалија, Шпанија, а веројатно ги има и во други земји, но во помал број.

Крајот на 18 и почетокот на 19 век се карактеризира со развиени стоково-парично односи по балканските земји. Плаќањата барале поголема прецизност и конкретност. Османлиските монети не одговарале на пазарните потреби. И странските монети, со легитимен курс на османлискиот паричен пазар, не одговарале. Неопходноста силно се чувствувала по црквите, чии услуги се одликувале со вредност пониска од основната парична единица. Тоа ја наложило употребата за замена на условната фракција на парата. Како најпогодни биле жетоните на трговските куќи и бродските компании. Врз таа основа се јавиле жетоните во тајната каса на црквата Свето Благовештение.

Дали тајната каса е направена намерно? Ако се има предвид под колку тешки финансиски и материјални услови е градена црквата, не е чудо ако  жетоните се намерно криени. Постоела опасност да бидат одземени од турските градски власти. Можно е жетоните да се завештание од некој прилепчанец за довршувањето на црквата. Можно е да се оставени и на денот кога се довршувала чатијата, во знак на благодарност за успешната градба на грандиозно дело. Можно е тајната каса да е резерва за зло време. Сепак, најважно е дека оваа тајна каса носи карактеристика на економска ризница.

Како и да е, факт е дека овие жетони немаат парична вредност денес. Немале ниту на денот кога биле ставени во тајната каса. Во сооднос со османлиската пара, нивниот курс бил помал и од 3:1, односно, се плаќале повеќе од 3 жетони за една османлиска пара. Ако монетите биле во сооднос 3:1 со османлиската пара, тогаш жетоните би имале сооднос 3:1 со монетата, односно, со османлиската пара тие би биле во сооднос 6:1 или 6 жетони за една османлиска пара. Појавувајќи се како стоково-паричен елемент, црковните жетони биле вклучени паралелно со монетите од редовниот паричен курс. А тоа било така, зашто црквите имале прекумерна потреба од ситни парички, зашто тие најмногу се користеле како доброволен прилог при ставњето во дискот како помош за црквата или за купување на ситни свеќи од верниците. Османлиските пари биле преголем залак за верниците, а епитропите не биле во можност да враќаат кусур на верниците на толку големи вредносни монети. Од тие причини жетоните нашле голема употреба во црковниот живот и стоково-паричните размени во црковната економија.

Жетоните пронајдени во тајната каса на црквата Свето Благовештение се драгоцено богатство за црквата, сведоштво за минатото, спомен од големиот потфат на санација и реконструкција на пркривната реконструкција. Тие ќе најдат свое место во црковниот музеј и ќе бидат презентирани пред целокупната јавност. Со откритието историјата на црквата е побогата со уште едно многу важно поглавје.

Зборот “жетон” произлегува од францускиот глагол “јетер”, во превод значи “турка, придвижува, поттикнува”. Пресметувачите со туркање на жетоните врз специјална штица ги добивале резултатите. Првите жетони биле како сплескани лепчиња од околу 2 см и биле изработувани од камен, стакло, коска или бронза. Првин се ковале во Италија и Франција, каде што се ковале и монетите.

Loading