Вкусната палента е најздравиот оброк препорачан да се јаде секој ден, оти спречува многу болести. Руралниот оброк или палентата или качамакот се разликуваат по должината на готвење. Палентата се прави од инстант пченкарен гриз и готова е за неколку минути. За качамак обично се користи жолто или бело пченкарно брашно и подолго се готви на специфичен начин.
Во качамакот се додаваат сирење, кајмак, сланина, џимиринки. Некаде се комбинира и со варен компир.
Палентата се приготвува брзо и лесно. Се консумира во комбинација со различни намирници. Таа е оброк од бел или жолт пченкарен гриз. Пченкарното брашно изобилува со нутриенти. Содржи глутен, па може да ја консумираат и оние со проблеми со цревата и стомакот. Идеален оброк е за децата и за внимание на килограмите, но и како здрава храна.
Вкусниот оброк содржи доволно минерали, нутриенти и витамини колку што му е потребно за функционирање на а телото. Спречува разни болести. Содржи природни масти заслужни за подобрување на работата на цревата. Жолтото брашно содржи повеќе антиоксиданси, хемикалии кои значително помагаат во борбата со слободните радикали – метаболитичкиот отпад. Радикалите предизвикуваат оксидативен стрес, кој на долг рок води кон хронични воспалителни процеси и се ризик-фактор за многу заболувања. Каротеноидите го даваат специфичното жолто обојување на палентата кои ги штитат очите, придонесуваат за поздраво срце, го намалуваат ризикот од дијабетес, малигни заболувања и деменција. Фенолните антиоксиданси се одговорни за киселкастиот вкус. Редовното конзумирање влијае на здравјето на срцето и мозокот.
Со оброк од палентата се намалува вишокот килограми, оти пченката е најздраво жито. На организмот му обезбедува сила и енергија. Пченкарното брашно е извор на фолна киселина, витамин Б, витамин К и Е, пантотенска киселина, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така изобилува со фосфор, магнезиум, цинк, калциум, бакар, селен и манган. Затоа е идеален оброк за оние кои се на диета. Доволно е еден оброк палента на ден да се внесат сите витамини и минерали. 100 г палента содржи околу 380 калории. Комбинирана со јогурт го спречува падот на имунитетот и го намалува ризикот од канцер. Палентата спречува воспалителни процеси и лекува хемороиди. Ги зајакне ѕидовите на тенкото и дебелото црево. Го намалува вишокот холестерол со добрите масти. Еден оброк заситува неколку часа после јадење. Со тоа се спречува покачувањето на килограмите, обезбедувајќи редовно празнење на цревата.
Лесна подготовка
Во тенџере се ставаат 3,5 чаши вода. Се додаваат неколку капки масло и прстофат сол. Се меша. Кога водата ќе зоврие, се намалува температурата и се додава чаша палента со постојано мешање. Се меша до згуснување.
![]()

