СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СТРАНСТВО НА ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУП

Посетителите од Романија, Полска, Турција, Португалија и Хрватска како дел од програмата на ЕРАСМУС+, заедно со учениците од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” како домаќини, ја посетија изложбата на друштвото на ликовни уметници – ДЛУП во ЦК “Марко Цепенков”.

Гостите беа воодушевени од творештвото на прилепските уметници и имаа само позитивни коментари за делата на нашите творци.

Гостите се надеваат дека ќе бидат и понатаму дел од проектите за размена на знаења, искуства, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе создаваат незаборавни спомени.

Loading