КОРЕЈЦИТЕ НАЈДОБРО СЛЕТАА КАЈ МАЛО КОЊАРИ

Параглајдерство

Се што е најдобро од светот на параглајдерството, дисциплина прецизно слетување, десетина дена беше на Спортскиот аеродорм кај Мало Коњари на Светското првенство. Од 32 држави, најдобра се покажа Јужна Кореја, пред Чешка и Словенија. Одличен пласман – 4. место за Македонија.  Подобри сме од многу поголеми држави: Турција, Романија, Шпанија, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Јапонија, САД, Италија…  Поединечно (во апсолутна конкуренција на 129 мажи и жени), шампион е Сеунгил Ан (Ј. Кореја), пред Властимил Вахтл (Чешка) и Дагеом Ли (Ј. Кореја). Од македонските претставници – Кристијан Темелкоски на 29., Борјан Јованоски на 30. место. Во женска конкуренција, меѓу 31 учесничка, победник е Дагеом Ли (Ј. Кореја) која беше трета и во натпревар со мажите, додека втора е Маркета Томаскова (Чешка), трета Енјанг Чо (Ј. Кореја). Нашата Александра Уфческа е на 17. место.Ѓ

Поради дождот и тешките временски услови, се одржаа само три слетувања, колку што е минимумот за Светското првенство да е валидно.

Loading