СОВЕТНИЧКИОТ ПАУШАЛ ВО ФОНДОТ ЗА ДЕЦА СО РЕТКИ БОЛЕСКИ

Јане Станкоски, носителот на листа за советници на движењето Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ

 “Советниците парите да ги донираат во Фондација за деца со ретки болести, донација на скелиња за тутунарите, автобуски линии до селата. Направивме кратка програма. Тоа е дел од нашите идеи, за кои се надеваме дека ќе имаме можност да ги оствариме. Се однесуваат на проблемите со кои се судираме сите. Најголем проблем е сообраќајниот хаос”.

Ова го истакна Јане Станкоски, носителот на листа за советници на движењето Одлучно за промени на ЛДП и ДОМ.

-Предлагаме неколку кружни текови, зголемување на автобуските сообраќајни линии до околните места. Жителите од селата Мажучиште, Лагово, Коњари, Канатларци немаат автобуси. Сакаме развој на мариовскиот регион, а нема автобуска линија. Како да се развива тој регион? Имаме идеја да го развиваме органското производство на храна во Мариово. Како да појдат луѓето таму, ако нема автобус. Имаме идеја за конечно решение на паркингот во градот. Ова што го направија сега нашите коалициони партнери, градоначалникот како го викавме, може да се среди. Тој го направи тоа, ама ја уништи чаршијата и градот. Убаво изгледа за туристи. Го поздравуваат, викаат зошто се жалите? Ние сето тоа ќе го решиме со 2 катни гаражи. Мора да се најде начин – рече Станкоски.

Станкоски вети и конечно решавање на статусот на двете спортскии сали Македонија и Универзалната сала. Најави дека ќе го донира својот хонорар како советник.

– Кино немаме во градов. Ние сме прво би предложиле е конечно да имаме кино. Значи град од 70-80.000 жители немаме кино, срамота. Не е тешко, не е спорно, не е голем проект да се направи кино. Прво што ќе направиме е фондација за деца со ретки болести. Изјавувам дека паушалот што би го добивал, доколку бидам избран во Советот ќе го донирам во таа фондација. Имаше најави од кандидати за советници дека ќе го донираат паушалот, но не кажаа каде. Ги повикувам сите, колку и да се средствата, сигурно не се кандидираме сите за паушал, да го донираме за таа фондација – вели Станкоски.

Вети донација на скелиња на сите тутутунопроизводители и решавање на комуналните проблеми во руралните области.

– Сакаме да поведеме иницијатива за донација на скеле за тутун на секој тутунопроизводител и одредување на место за одгледување на расад. Тутунот не е срами. Околу 50 милиони евра влегуваат во градот од тутунот. Треба да бидеме гордост, а не луѓето да ги собираат скелињата да се малтретираат, оти било грдо во околната. И органското производство на храна е наша заложба. Да се сертифицира мариовски регион. Сé што ќе се произведи таму да има сертификат на органска храна, за која има огромна побарувачка во светот. Наша заложба е на им се решата комуналните проблеми во селата, превозот, пред сé. И таму има потреба урбана опрема . Сакаме руралното да стане урбано – рече Станкоски.

Loading