ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (113) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Тој ден беше црн ден со испраќањето на Василоски Боше до вечниот дом во марулските гробишта. После сите адети направени над покојниот Боше Василсоки погребан во вежниот негов дом во пределот на василоската гробна парцела бошевите родители Трајан и Блага се одлучиле за задушница за Боше да му давит на Ристески Ладев Атанас Јанкоски нивни стари деленици и Атанас бошево врсниче.

За свеќарка е задолжена Ризоска Боризица Цветанка Бошеска домазетица.Цветанка не е крвна рода со Трајан и Блага него сватовштина. Таса Бошеска, тетка на Цветанка, сестра на татко е Марко му била прва жена на Василоски Јован, татко на Трајан дедо на покојното Боше. Таса умрела во Првата светска војна со се нејзиното дете единче. Јован се прежени за Кузманоска Менка од с. Волкосело, мајка на Трајан, баба на Боше по татко му Трајан.

По заминувањето на умрениот Боше од родната куќа за на погреб метачка за дома беше повикана Ристеска Танева Илинка Танеска Василсока Крстеничка.

Гробари се Здравески Атанас Чонески, Митрески Степан Мурџески, Ристески Димко Танески, Ристески Тане Танески Пазарџија, Василоски Милан Борачо, прв брачед од стрике на Трајан.

После убиството дедото на Боше, Јован над стрикото Дамјан во 1924 година на грозје брање во местото Капка во Русечкото за прв пат вегуваат дамјаноски луѓе во јовановата куќа за да му запал свеќа на покојниот Боше. Дамјаница им заповедала на синовите на Ристе, Никола и нивните жени, доста е лутина, не  е Боше виновен за убиството на татко ви Дамјан, ниту пак неговиот татко Трајан, ниту стриковците Алексо и Петре. Трајан беше четири години, Алексо беше една година, а додека Петре се роди после девет години. Вистинските убијци Јован и неговата жена Менка одамна се умрени. По советот од Дамјаница сите дамјаноски семејни луѓе отидоја и му запалија свеќи на покојниот Боше.

Овој настан за погребот на другарчето го видовме со свои очи. А додека целокупната ситуација за погребот на Боше беше раскажувана од перачките жени во реката и од водарките при средба леејќи вода од кладенецот Копинешки за пиење. Голема благодарност им даваме на сите раскажувачи за оваа тема.

Покрај погоре наведените девојки, имаше повеќе ученички:

1.Мојсоска Велева Најденка Колеска;

2.Атанасоска Трајанова Ѓурѓа Танеска;

3.Велјаноска Орданова Васка Танеска;

4.Петреска Петрева Зора Бабјакоска;

5.Петреска Цветанова Илинка Мурџеска;

6.Петреска Цветанова Алтана Мурџеска;

7.Ристеска Петрева Зора Јанкоска;

Сите овие девојчиња беа во фаза на завршување на четврто одделение со основно образование. Покрај девојчињата имаше одреден број на машки ученици исто така кои го завршуваа чеврто одделение основно образование со големи напори и трудови поготово за набавка на школски метаријали во тоа време.

1.Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски;

2.Митрески Јованчев Богоја Мурџески;

3.Павлески Ванчов Коле Петрески;

4.Петрески Ванѓелов Томе Бабјак;

5.Ристески Крстев Киро Танески;

6.Стојкоски Илијев Алексо Кадичето;

7.Тошески Божинов Љубе Јолески;

Од сите горе наведени ученички и ученици со завршено основно обраование само четири ученици од машки пол го продолжија своето понатамошно школување, се запиша осмолетката училница во с. Тополчани. Некои од учениците за становање се сместија кај свои роднини, некои под ќирија.

Овие четири марулски ученици не останале подолго време за школовање во тополечкото училиште од два аспекти, прво биле потценувани како деца мариовчиња и второ, нарекувани бугараши затоа што со турнеата илегално на прилепскиот војвода од времето на Илинденското востание Петре Ацев со својата чета во 1922 година есента илегално ја минал бугарско – српската граница, дошол во нашиот крај и во селото оснивал комитети со ознаката ВМРО и повторно илегално преку граница се вратил во Бугарија.

Петре Ацев со четата дошол во с. Тополчани, го извикал претседателот на Тополечката општина Тале Шикле го однесол горе на брегот над с. Тополчани каде што денес се наоѓа против градобитната куќа на разговор. После нивниот ноќен разговор Тале Шикле се вратил дома без никаква навреда или закана.                                                           

Продолжува

Loading