АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Градоначалникот ми е сосед, ама го гледам само на телевизија.

x

Наместо се’ или нешто сега се бара се’ или сешто.

x

Не може да успееш во животот ако постојано ги менуваш насоките.

x

Коњот не се одбира според седлото.

x

Само кај слатката кафеџијка пие кафе без шеќер.

x

Се’ повеќе трчаат наоколу обидувајќи да им избегаат на долговите.

x

Се” може да се направи со туѓи пари, почнувајќи од полнење џебови и сефови.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading