ПОТЕЊЕ

Потењето е реакција на организмот на топлина. Го лади телото и ги исфрла токсините. Претераното потење е неудобно и знак за некој поголем проблем. Претераното потење може да биде предизвикано од стрес и анксиозност. Тоа го манифестира телото преку потењето со изразен и непријатен мирис. Содржината на потта се меша со масти и протеини и со бактерии од кожата.

Хипертироидизмот е нарушување кога тироидната жлезда станува ,,хиперактивна,, и произведува многу хормони. Кога сите процеси во телото се забрзуваат, расте чувството на нервоза, слабеење и потење повеќе од вообичаено.

Прекумерното потење е знак на ниско ниво на шеќер во крвта. Се чувствува глад, вртоглавица и проблеми со видот.

Прекумерното потење на само еден дел од телото, на пример, на вратот, пазувите или дланките, е познато како хиперхидроза. Овие делови се потат поради големиот број потни жлезди. Ова нарушување не е опасно, но е непријатно. Потење предизвикуваат и некои антибиотици, лекови за крвен притисок и психијатриски лекови.

Loading