ЕСЕН БЕЗ КАШЛАЊЕ

Ловоровите листови се користат за приготвување на сируп кој го чисти респираторниот систем, ја смирува кашлицата и помага кај грлоболки и бронхитис. Листовите имаат противвоспалително дејство како медот. Во комбинација се добива одличен природен лек за кашлица и јакнење на имунитетот.

Потребни се 7-8 ловорови листови, 7-8 супени лажици мед, свежо исцеден сок од еден лимон и 250 мл вода. Во помало тенџере се става водата и се загрева. Кога ќе зоврие се додаваат ловоровите листови и поклопено се готви 10 минути. Откако ќе се подизлади, се цеди и се додава медот и свежо исцедениот сок од лимон. Се меша додека медот сосема се растопи. Се консумираат по 2-3 лажички дневно, еднакво распоредени 20 минути пред јадење.

Loading