ВАНДАЛИЗАМ НА НОВИОТ КОМПЛЕКС КАЈ ЕЗЕРОТО

240820617 1641402496066745 8268193994312386918 n

Уништен е дел од новиот спортско рекреативен комплекс од 850 илјади евра кај вештачкото езеро, наречен ,,Нови авантури, нови можности,,. Скршен е кошот на една од таблите на кошаркарското игралиште на урбанистичкото решение за рекреација на граѓаните кое опфаќа патеки, летниковци, клупи, корпи за отпадоци, осветлување, игралишта…

Вандалскиот однос и негрижата на дел до граѓаните се посилни од чувството за одржување на убавината за дружење со природата и за спортување. Урнисано е дел од местото за уживање и физичка активност за младите. Се очекува локалните власти да ги отстранат последиците на несовесните сограѓани.

Loading