РАДОСТ ЗА УЧИЛИШНОТО ЅВОНЧЕ И КЛУПА

prv-ucilisen-den-2021-prilep-3-696x464

На 1. септември за 3.252 ученика во средното и 6.287 во основното образование, меѓу кои и за 660 првачиња, почна училишната 2021/2022 година. Средношколците од Гимназијата ,,Мирче Ацев,,, заради комплетната реконструкција, два месеца ќе следат онлајн настава. Другите ученици седнаа во училишните клупи и му се израдуваа на ѕвончето.

На првиот училиштен ден, градоначалникот на Илија Јованоски, го посети ОУ ,,Рампо Левката,,. На 58 првачиња им посака добредојде во училишните клупи.

– Направивме многу во сите основни и средни училишта, посебно за основните за кои издвоивме огромни средства за реконструкција на инфраструктурата. Набавивме таблети, десктоп и лаптоп компјутери за 25 милиони денари. Посебно драго ми е дека за учениците од прво и четврто одделение, за ова учебна година издвоивме 11 милиони денари за дидактички и нагледни средства. За сите првачиња обезбедивме и училиштен прибор – рече градоначалникот Илија Јованоски.

По година иполовина, наставата се изведува со физичко присуство со почитување на протоколите за заштита од ковид-19.

prv-ucilisen-den-2021-prilep-5-696x464

Loading