ПРИЛЕП ДОБИ ПОЛНАЧ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ

polnac na struja za avtomobili vo Prilep

И Прилеп се вброи во мапата на градови во кои има станица за  полнење на електрични возила. Полначот е поставен на паркингот до Центарот за култура ,,Марко Цепенков,,. ЕВН инсталира досега над 40 станици во Скопје и 17 градови низ државава заедно со општините. Полначот го инсталира прилепската фирма КН Елмонт. Полначот има можност за полнење на две возила истовремено.

Сопствениците на електричните возила веќе нема да мораат да ги полнат возилата само во своите домови со што ќе можат непречено да патуваат. Со употребата на електричната енергија за движење на возилата наместо фосилни горива се намалува загадувањето на воздухот и бучавата.

Засега користењето на полначите е бесплатно, а возачите треба да се пријават за картичка за полнење.

Loading