ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (109) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Со капитулацијата на Кралската Југославија и доваѓањето бугарската војска и бугарска администрација во месец април во 1941 година автоматски имаше смена на просветниот кадар и програма. На место на дотогашниот учител во с. Подмол Србинот Миодраг Милосавлевич село Богиње, Алексинац од Србија дошле двајца други учители Манче и Миле од Бугарија и наставата беше продолжена со истите дотогашни ученици на бугарски јазик за децата ученици станал голем проблем. Домашен јазик т.е.мајчин јазик, српски јазик на училиште претворуван во мајчин јазик. Кои деца доволно не го владееле српскиот јазик добивале ќотек со прачката на собраните во куп прстината со навреда, вие сте побугарчени. Од ќотекот децата се криеле под клупите од училиштето со прачката ги шибал во стомачињата и ребрата.

Заминале српските учители Мане, Манче уште и трет учител, името му е заборавено, пак критики нови да учениците се посрбени. Бугарските учители имале подруг начин на тепање на учениците, чинеле крени го детето за уво во одредена висина према неговото тело и со другата рака удри му шлаканица со изговор на учениците вие сте све посрбени. Мајчинскиот бугарски јазик сте го заборавиле. Пропаганден заговор од двете учителски страни.

Како што кажуваат тогашните ученици до српскиот учител Миодраг бил поагресивен према учениците, а покоректен кон жителите во селото Подмол.

Со народно ослободителното движење во Македонија и одржувањето на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински на 2 август 1944 година е донесена одлука за воведување на македонски јазик во сите ослободени територии во Вардарска Македонија.

Со капитулацијата на бугарската царска војска во септември 1944 година и склучувањето мирен договор на бугарската војска со воениот штаб од Македонија за мирно повлекување на бугарската војска без меѓусебно крвопролевање.

Во Вардарска Македонија се отворија многу повеќе училишта со настава на македонскиот јазик тоа беше историски настан за македонската националност. И во Марул беше отворено училиште за со македонска школска настава. За учителка во Марул беше одредена триесет и три годишната ботолчанка Давкова Јованка нагалено викана Фанче.

За становање на учителката Јованка и беше определен куќен простор во куќата на Ордан и Димко Танески. За училишен простор беше определено во куќата на Јованоски Тодор Јоноски член во марулската група во позадината на НОБ. За служителка на училиштето беше одредена Трајкоска Василица Менка без имотно лице настанена кај ќерка си Здравеска Атанасица Илинка.

Учителката Јованка Давкова со храна беше обезбедена од домаќинствата од селата со спогодба на разноврсна храна безплатно донесувана во нејзината просторија од член на позадината на НОБ.

Учителката направи училиштен распоред. Учениците кои не го дозавршија образованието во Подмол ги стави во едно одделение за да имаат повеќе разбирање од буквите и математичките изрази. Тоа се следните ученици:

Родени 1934:

1.Атанасоска Неданова Петра Танеска;

2.Атанасоска Неданова Петкана Танеска;

3.Павлески Ванчов Мирко Петрески;

4.Ристески Блажев Богоја Танески;

5.Ристески Крстев Тоде Танески.

Родени 1935:

1.Атанасоска Ристева Спасија Танеска;

2.Мојсоски Ќирев Благоја Колески;

3.Петрески Ванѓелов Томе Бабјак;

4.Ризоски Колев Трајче Бошески;

Родени 1936:

1.Митрески Јованчев Богоја Мурџески;

2.Стојкоски Илијев Алексо Кадичето;

На генерацијата на учениците од Подмол не му достасуваат две лица нивни генерации. Новаческа Божинова Петкана 1934 и Петреска Ацева Алтана. На Новаческа Божинова Петкана мајка и Стојна умре во 1942 година. Татко и Божин отиде домазет за Ристејца Божиноска во с. бонче. Татко и на Петкана Божин си ја зеде ќерката Петкана со него во Бонче.

На Петрески Ацева Алтана Бабјакоска мајка и Трајана умре во 1938 година. Татко и Петрески Аце Бабјак отиде за Чона во с. Маково. Со него си ја зеде ќеркичката Алтана родена 1935 година.

Запишани првите редовни ученици за 1944/45 година:

1.Атанасоска Неданова Милица Танеска;

2.Јованоска Крстева Најденка Јанкоска;

3.Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски;

4.Мојсоска Велева Трајана Колеска;

5.Павлески Ванчов Коле Петрески;

6.Ризоска Боризова Ружа Ценоска Бошеска;

7.Ристеска Ристева Слободанка Дамјаноска;

8.Ристеска Блажева Стева Танеска;

9.Ристеска Танева Горица Танеска;

10.Тошески Божинов Љубе Јолески.

Продолжува

Loading