ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРОМЕНА

Движењето на центарот ЛДП – ДОМ со промоција во Прилеп

Nova vizija nudi dvizenjeto na  centarot na LDP i DOM

Движењето на центарот ЛДП – ДОМ пред прилепчани го промовираше својот кандидат за градоначалник и ја претстави својата визија пред граѓаните. Сметаат дека после секои 4 години граѓаните се разочарани и бараат промена, затоа им нудат нов концепт.

– Ние сме решени на граѓаните на овие избори да им дадеме алтернатива, иако многу не веруваа во нашите намери дека ќе дотраеме во нашата цел и ќе одиме самостојно на избори, сепак ние до овој момент имаме над 50 листи на советници припремено низ цела држава и мислам дека ќе бидеме трета политичка групација која ќе има најголем број на кандидатски листи, како на советници, така и за градоначалници. Првата, почетната најава на нашата кампања беше „Излези од маглата”, а маглата беше 30 годишното владеење во градовите на двете најголеми партии, а гледаме дека граѓаните после секои 4 години се разочарани и бараат промена. Затоа сакаме целосно да дадеме еден нов концепт, нова визија, во таа визија се разбира дека ќе има проекти кои планираме на краток и на подолг рок да ги реализираме, некои во мандатот на градоначалникот да се завршат, а некои да се отпочнат и како долгорочни проекти за она што им фали на граѓаните и на градовите низ државата – изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

Имаат визија за зелен развој на општината во интерес за здравјето на граѓаните.

LDP i DOM 1

– Го нарековме „Движење од центарот” бидејќи е во центарот на политичкиот спектар во Македонија, надвор од двата големи блока и затоа што во центарот на нашата идеја е граѓанинот. Она што ние сакаме да постигнеме е граѓаните навистина да ги почувствуваат општините како вистински единици на локалната самоуправа, како свои општини, градоначалниците да имаат визија во кој правец ќе се развива понатаму општината, тоа ќе биде се разбира зелен развој, во интерес и на благосостојбата и на здравјето на граѓаните, а советниците и советничките да бидат чувари на општините. Зошто велиме чувари, бидејќи тие се оние кои ги гласаат најважните одлуки кои се во интерес на граѓаните. Тие треба да ги чуваат општините од загадување, да ги чуваат општинските буџети од ненаменски трошења, да се грижат за граѓаните, да се грижат за заштита на животната средина, на климата и се разбира да се грижат за благосостојбата на сите граѓани во секоја општина, во секој град – рече Маја Морачанин, претседател на ДОМ.

LDP i DOM 2

Славе Петрески е кандидатот за градоначалник

Прилепскиот стопанственик Славе Петрески, поранешен директор на ЈП за ПУП е кандидатот за градоначалник на Прилеп на движењето на центарот ЛДП-ДОМ.

– Видов кои се проблемите на граѓаните и тоа ме мотивира да прифатам да бидам кандидат за градоначалник. Имаме време за припремање на програмата, имаме време докажување пред граѓаните, за идеите наши, за економијата, за напредок во смисла на проблемите кои ги имаат граѓаните, нерешени прашања поставенидо собранието, до неусогласување на проектите на генералниот урбанистички план и деталниот урбанистички план, сите тие проблеми ги чувствуваат граѓаните. Ако ги решиме тие проблеми ќе биде подобро и за граѓаните и за градот и за економијата – рече Славе Петрески, кандидат за градоначалник на движењето на центарот ЛДП-ДОМ.

LDP i DOM 3

Loading