СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „МИЦЕ КОЗАР“

Zapocna rekonstrukcijata na ulicata  Mice Kozar

Почна реконструкцијата на дел од улицата ,,Мице Козар,, во должина од 300 метри. Таа е една од најфреквентните и најоштетените сообраќајници во градот, по која се движат и тешки товарни возила.

– Градежните активности ќе завршат за петнаесетина дена, со што значително ќе биде подобрена безбедноста – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Општината продолжува со реконструкција и рехабилитација на повеќе улици. Ќе се асфалтираат кејовите ,,9. Септември,, и ,,1.Мај,,. Забрзано се гради улицата ,,Целе Мавроски,,.

При крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата ,,Тризла,,. Почнува комплетната реконструкција на улицата ,,Трајко Николоски,,, од новиот мост кај Сточниот пазар до улицата ,,Александар Македонски,,.

До крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици предвидени во Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година.

Loading