ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (107) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Умрени 1930 1939 година

1.Атанасоски Неданов Сребре Танески

2.Бошески Атанасов Ризо Танески

3.Велјаноски Орданов Славе Танески;

Петтта генерација 1928 родени

1.Дамјаноски Божинов Благоја Јолески;

2.Мојсоски Велев Ванчо Колески;

Шестта генерација 1929 родени

1.Атанасоски Трајанов Алексо Танески;

2.Павлески Ванчов Аце Петрески;

3.Петрески Велјанов Алексо Бабјак;

4.Петрески Јованов Ѓорѓија Мурџески;

5.Ристески Танев Китан Танески;

Седма генерација 1930 година:

1.Анѓелески Најдов Живко Стеваноски;

2.Јованоски Илијев Јованче Крушка умре 1936 година;

3.Јованоски Јованов Душан Јоноски;

4.Новачески Јованов Живко Димитријоски;

5.Ристески Ристев Цветко (Цане) Јанкоски.

6.Тошески Божинов Веле Јолески;

Осма генерација 1931 година:

1.Атанасоска Мицева Грозда Танеска;

2.Атанасоски Ристев Благоја Танески.

Умрени 1930 1939 година:

1.Атаиманов Стојков Коте Чурлин 1936;

2.Атанасоски Неданов Сребре Танески 1931;

3. Василоска Стојаница Митра 1932;

4.Василоска Стојанова Кита 1934;

5.Велјаноска Ванѓелова Драгица 1939;

6.Велјаноски Орданов Славе Танески 1938;

7.Василоски Миланов Василе 1938;

8.Дојчиноски Тошев Јован (Јолески);

9.Јованоски Илијев Јованче Крушкоски 1936;

10.Колески Богдан Палчиски говедаро;

11.Мојсоски Стојанов Мојсо Колески 1938;

12.Павлеска Петрејца Тема Петреска 1939;

13.Танески Атанасов Ризо Танески 1939;

14.Петреска Петрева Цена Бабјакоска 1934;

15.Ризоски Грујов Боше Бошески 1939;

16.Ристеска Танејца Менка Танеска 1934;

17.Ристеска Танева Велика Танеска 1933;

18.Ристески Ристев Петре Мурџески 1938;

19.Стојкоска Илијева Кита Стеваноска 1934;

20.Петреска Ацејца Трајана Бабјакоска 1938.

Едно објаснување околу презимето Стеваноски и Анѓелески или обратно:

За време на Првата светска војна Гулабоски Стеванов Огне 1867 – 1915 година и неговиот син Стеваноски Огнев Трајче 1888 – 1915 година како српски војници се повлекува српската војска преку градот Призрен, Косово за преку Албанија да стигнат на островот Крф Јужна Албанија. Во градот Елбасан во Албанија од големиот студ и снег се смрзнувале албанските качаци, ги тепале со стапови и му ги соблекувале војничките алишта, ги оставале смрзнати на снегот. Откако заврши Првата светска војна српската воена комисија како оштета Огне и Трајче на Стеваноска Огнејца, жена и мајка и доделуваат земја од имотот на дотогашнииот нивнибег Утоски Амдија викан Ќоријо и ги поклонуват неговите куќни објекти со се ќуќното земјиште и даваат некоја сума паричен надоместок. Магда останува вдовица со три деца: Најдо, Новаче и Младен. Најдо се оженува за комшицата Јанкоска Дуна. Новаче оди на воена мера се враќа дома се разболува и умира. По него умира и брат му Младен од офтика. Во 1932 година умира и Најдо кој остава три малолетни деца. Весела 1925, Цвета 1928 и Живко 1930 година. За наследник на Најдо доваѓа домазет Анѓелески Илија Малинкоски од с. Штавица на кого му умрела жената во с. Дуње каде што таму домазетувал без негово потомство. За да постани наследник Илија Кадијата на Магдиниот имот судството му изгласало законот чет да трите Најдови деца сирачиња Весела, Цвета и Живко како негови биолошки деца како нивни старател. Нивното татково презиме од Стеваноски ги префрлил на неговото презиме Анѓелески кој го задржуваат неговото презиме Анѓелески го имаат денес. Несреќната Дашоска Петрева Магда со четири синови се догледала кај посинокот Илија и снаата Дуна. Магда умира на 76 годишна старост во 1942 година.

Број 1

Атанасоски Атанас и Менка

Танеска Атанасова Доста од с. Марул мажена за Златески, име непознато засега во с. Мојно. Доста и нејзиното момче родиле, имале две деца, машко Атанас и женско. Родителите на децата умреле уште кога децата Атанас и Менка биле мали. За нивна родителска заштита, одговорноста ја зеле нивните вујчевци, браќата на мајка му Доста Танеска и Риза во с. Марул. Стојче и Ризо сирачињата Атанас и Менка ги зеле кај нив во Марул и тука детството го минале, живееле во Марул.

Кога пораснале возрасни вујчевците Стојче и Ризо, внучињата Атанас и Менка ги удомиле во с. Маково.

Атанас се оженил за Кобровска Коприна – Цароска. А додека неговата сестра Менка се омажила за Митрески Трајко. И двата имаат свое потомство. Атанас жена Коброска или Цароска Коприна. Деца: Драги, Дона, Јован, Китан, Милка, Петра, Ристе, Трајко, Тодор.

Митрески Трајко и Менка: деца Ордан, Ордена и Ристе.

Број 2

Атанас Втори Танески Сиџимоски

Танеска Атанасова Неда од с. Марул се омажила за Шијакоски Грујов Марко од с. Лопатица, прилепско по едно извесно време Неда и Марко бракот го растуриле. Неда Танеска се премажила за Сиџимоски Цветан, подмолец во с. Подмол. Неда и Цветан родиле едно дете машко, го крстиле Атанас.

Атанас Сиџимоски повеќето од животот го поминал кај своите вујчевци Стојче и Ризо во Марул во друштво со својот братучед Атанас од Доста и со внукот Ѓорѓијоски Димитрија Јоноски од Марул. За неговиот престој во Марул Атанас бил наречен Атанас Танески. Атанас Сиџимоски порастил, се оженил, створил фамилија. Го има синот Кочо. Атанас беше оженет од с. Чарија по умирачката на родителите Атанас се исели во Битола.

Колески Богдан од с. Полчиште фамилијарно доселен за говедар во с. Марул во 1938 година. Колески Богдан жител на мариовското село Полчиште во 1938 година фамилијарно со неговата жена Чона и трите деца Трајче, Стеван и Стојан се доселил за говедар во с. Марул.

Среќата и несреќата се дел од животот на човекот и го пратат од неговото раѓање до неговото умирање. Богдан говедарот за фамилијарно становање во Марул се вселил во дел од куќата на Здравески Стојан доселен од мариовското село Вепрчани. Најверојатно се познавале од порано преку некоја родбинска, крвна врска или преку пријателска врска засега не е познато.

После неговото доселување во Марул после едно извесно време гојдаро Богдан се разболува од дадената лекарска помош и од разните надир лекарски помошти Богдан не добил некое спасение, починал во Марул, си ја оставил осиротената негова фамилија. Домаќините марулчани се организирале и со трошок на селото и со трошок на селотот Марул и со сите верски христијански обичаи и поп, свештеникот Богдан бил погребан на северната страна во марулските гробишта.

Продолжува

Loading